4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Еве како Шведска го претвора ѓубрето во енергија

Kabtel desktop

Шведска е толку добра во рециклирањето што веќе неколку години мора да увезува ѓубре од други држави за да ги одржи фабриките за рециклирање отпад. Помалку од 1% од домаќинствата во Шведска фрлаат ѓубре кое завршува на депонија. Шведска има имплементирано кохезивна национална политика за рециклирање за приватните компании да преземат најголем дел од бизнисот за увоз и спалување на отпадот. Сепак, енергијата од спалувањето на отпадот завршува во националната енергетска мрежа за да се загреваат домовите во текот на острите зими.

Целта на Шведска не е да престане да фрла отпад, туку детално да се селектира. Националната кампања со назив Miljönär-vänlig на Европската унија е движење кое има за цел да покаже колку многу може да се направи преку поправка, споделување и реупотреба. Во земјите во ЕУ има забрана да се спалува отпадот, па наместо да плаќаат казни, тие го испраќаат отпадот во Шведска како еден вид услуга.

Шведска е на врвот кога станува збор за селектирањето и рециклирањето на отпадот – центрите за спалување отпад произведуваат доволно струја за 250.000 домови и доволно топлина за загревање на 950.000 домови. Шведските власти наголемо инвестираат во футуристички технологии за справување со отпадот како автоматизирани вакуум системи, исфрлање на потребата за транспорт на отпадот и подземни системи од контејнери за да се ослободи простор и да се избегне непријатна миризба по улиците.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!