18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Македонија Триесетто Бизнис кафе Македонија со Кирил Лазаров и директорите на Vip и...

Триесетто Бизнис кафе Македонија со Кирил Лазаров и директорите на Vip и Sportlife

Kabtel desktop

Триесетото јубилејно издание на Бизнис Кафе Македонија, кое ќе се одржи в среда, 4 јули, во кафе-бар „Чао” во ГТЦ во Скопје со почеток од 19.00 часот, уште еднаш на своите посетители им носи екстра ексклузивни гости.

Овојпат своите животни и бизнис искуства ќе ги споделат најдобриот македонски ракометар и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, извршниот директор на Vip, Мислав Галер и извршниот директор на Sportlife, Горан Павичевиќ.​

Секој посетител на настанот добива едно кафе гратис од организаторот, а картите веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн преку „Купи Карти За Сѐ“ на следниов линк или на фактура со претходна резервација на имејл адресата mkbizniskafe@gmail.com.

Дружењето вообичаено трае околу 2 часа, од кои првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, споделувајќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување меѓу присутните, најчесто луѓе од бизнис заедницата во Македонија.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •