-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Alibaba, Amazon, eBay и Rakuten France потпишаа Заложба за безбедност на производи на онлајн пазарот во ЕУ

Kabtel desktop

Четирите големи онлајн трговци кои се активни во Европа – Alibaba, Amazon, eBay и Rakuten France – ја потпишаа Заложбата за безбедност на производите произлезена од Европската комисија. Оваа заложба значи дека тие побрзо ќе ги отстрануваат опасните и небезбедните продукти од нивните онлајн пазари.

Тие сега ќе преземат акција во рок од два дена при известување од локалните власти за небезбедни продукти и во рок од 5 дена при известување од страна на корисниците на нивните е-продавници. Воедно, ќе обезбедат јасен начин  за корисниците да можат да ги пријавуваат ваквите продукти, но и мерки за спречување овие продукти повторно да се појават во нивните продавници откако веќе биле отстранети.

„Има сè повеќе и повеќе луѓе на онлајн пазарат во ЕУ. Е-трговија отвори нови можности за потрошувачите, нудејќи им поголем избор по пониски цени. Потрошувачите треба да бидат еднакво сигурни кога купуваат онлајн како кога купуваат во продавница. Исто така, ги повикувам и другите онлајн трговци да се приклучат на оваа иницијатива, како би го направиле интернетот побезбедно место за ЕУ потрошувачите.“, изјавила Вера Журова, комесар за правда, потрошувачи и еднаквост на ЕУ.

Онлајн продажбата претставува 20% од вкупната продажба во 2016 година во ЕУ според Еуростат. Сѐ повеќе и повеќе опасни производи пријавени во системот за брзо предупредување се продаваат на интернет. Ова ја покажува потребата сите онлајн пазари да продолжат и понатаму да ги засилат нивните напори кога станува збор за отстранување на опасните производи. Директивата за е-трговија на ЕУ содржи постапки за известување и процедури за отстранување на продуктот, но тоа не го регулира детално. Овие четири големи онлајн трговци се согласија на серија обврски за да се обезбеди поголема заштита на корисниците на ЕУ пазарот.

Alibaba Group, Amazon, eBay и Rakuten-France се обврзаа да преземат неколку чекори како реакција за два работни дена доколку локалните власти известат за продукт кој не е безбеден, обезбедување јасен систем преку кој корисниците може да известат за небезбеден продукт во е-продавницата. При пријава на ваков продукт од страна на корисниците тие ќе одговорат во рок од 5 работни денови.

Исто така, тие се обврзаа дека преземат мерки за да се спречи повторно појавување на пазарот на продукти кои веќе биле отстранети поради безбедносни ризици и ќе обезбедат информации и тренинзи за е-трговците за зголемување на знаењата за европската легислатива за безбедност, ќе бараат да се делува согласно регулативата и ќе обезбедат линк на е-трговците од европската реглатива за безбедност на производи.

Е-трговците и Европската комисија ќе изготвуваат извештај за прoгресот на овие процеси на секои шест месеци.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!