15 C
Skopje
среда, мај 27, 2020

Креветот Parisot Space Up Bed има скриен цел плакар во него

Kabtel desktop

Едно нешто што на сите ни треба се повеќе во овој модерен свет е повеќе простор. Простор за она што го поседуваме. Како што акумулираме предмети, нашите домови стануваат пренатрупани. Parisot ‘Space Up Bed‘ драматично ќе ви ја намали потребата за складиштен простор затоа што ова не е само кревет, како што кажува името – туку во него има сокриен цел плакар.

Бидејќи никако не е решение да се кријат работите под кревет, каде што не се гледаат, овој француски дизајн на мебел создаде решение. Овој кревет им овозможува на корисниците едноставно да го подигнат душекот и под него да откријат неверојатен простор за сладирање на чевлите, багажот, перниците, ќебињата, книгите и речиси се што може да собере.

Во сокриениот плакар, практично, има простор за втор кревет. Креветот можете да го набавите по цена од околу 900 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •