Белград идната недела ќе биде „најпаметниот“ град во светот

- Advertisement -

Белград идната недела ќе биде местото каде што ќе се одржи најголемиот годишен собир на европските членови на Mensа, организацијата која ги обединува луѓето со коефициент на интелигенција повисок од 148, на кој ќе присуствуваат повеќе од 500 нејзини членови од 38 земји.

Како што најавија од Mensa Србија, во Белград во среда ќе пристигнат членовите на Mensа не само од Европа, туку и од Јапонија, Хонгконг, Чиле, САД , Сингапур, Нов Зеланд, Австралија, Канада и Јужноафриканската република, а се очекува да дојдат и претставници од највисоките тела на светската Mensa и националните организации.

- Advertisement -

„Организацијата EMAG (European Mensas annual gathering) е голема чест за нашата Mensа и голем предизвик, посебно кога се знае дека претходни домаќини биле Барселона, Берлин и Париз и дека наредниот собир ќе го организира Mensa од Белгија“, изјави претседателката на Mensа од Србија, Александра Боровиќ.

Во пресрет на собирот, кој ќе почне на 1 август, а кој е прилика учеснциите преку разни предавања да се запознаат со Белград и со Србија, ќе биде одржана и научна конференција „Надареност, орбазование и развој”.

- Advertisement -

На собирот ќе учествуваат околу 100 предавачи од 16 земји, а се одржува со поддршка на Министерството за образование, наука и технолошки развој, како и Министерството за труд.

Сподели!
- Advertisement -