10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Со новата македонска апликација „Ај на кафе“ повеќе не мора да чекате за вашата нарачка

Kabtel desktop

Колку често ви се случува да седнете во кафуле или lounge бар и да ви ја заборават нарачката, да ви донесат само едно мени, предолго да чекате да бидете услужени или уште подолго да добиете сметка?!

За среќа иднината е тука со новата македонска мобилна апликација „Ај на кафе“, која ќе внесе нов иновативен начин на работење по локалите.

Многу наскоро се ќе биде многу едноставно!

Преку оваа апликација во вашето омилено кафуле ќе можете електронски да го погледнете менито, да повикате келнер, да направите нарачка, дури да ја проверите и вашата сметка.

Се разбира, сево ова ќе биде достапно во локалите каде што ќе биде имплементиран новиот модерен начин на функционирање, со кој ќе им се олесни работата и на вработените, не само на клиентите.

Тие повеќе нема да имаат потреба да ги паметат сите нарачки и секоја маса да ја внесуваат во компјутер, бидејќи и вработените преку нивниот мобилен уред ќе може да направат нарачка.

Самата апликација има и поддршка на повеќе јазици и е тотално бесплатна, а за повеќе инфо посетете ја веб страницата www.ajnakafe.mk.

Бидете во чекор со новитетите и уживајте во времето поминато со вашите сакани!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •