Хрватскиот паметен телефон NOA втор пат е прогласен за best buy мобилен телефон за моделот NOA Element N10
Наградата ја доделува светската организација EISA кoja традиционално ги оценува електронските уреди во неколку категории. Ова е голем успех за хрватската компанија Hangar 18 oд Копривница, која го произведува овој мобилен телефон. Марио Краљ, сопственикот и еден од основачите на компанијата за Пословни дневник вели дека оваа титула е потврда дека компанијата се развива во вистински правец.
“Сегментот во кој се развиваме е достапни врвни телефони кои спаѓаат во среден ценовен сегмент со додадена вредност од новите технологии кои ги поседуваат брендовите од високите ценовни сегменти“, објаснува тој.
Ова успеваат да го постигнат благодарение на добрата соработка со кинеските добавувачи. Краљ објаснува дека ги следат сите трендови во развој на паметни телефони. Малкумина знаат дека NOA e втор телефон после iPhone кој се појави со две камери и amoled eкран, кои во тоа време биле привилегија на скапите брендови.
За седум години приходите на компанијата пораснаа за 50%. Во моментот имаат 15 модели на телефони и таблети под брендот NOA. Досега имаат продадено околу 700.000 уреди и 10.000 паметни телевизори кои исто така се дел од нивната понуда. Брендот е присутен во осум земји во ЕУ и во Русија, а планот е до крајот на годината да бидат присутни на вкупно 12 пазари.
Компанијата неодамна склучи стратешко партнерство со кинеската компанија Coosea, од каде ги набавува компонентите со помош на кои држи чекор со иновативните трендови.
Главен извор на приходи на Hangar 18 e малопродажбата на мобилни телефони, телевизори и таблети, но компанијата е и во почетна фаза на барање инвестициски партери за натамошна експанзија на бизнисот.