9.8 C
Skopje
вторник, март 10, 2026


Новиот син Rimac C_Two изложен во музеј во Лос Анѓелес

- Advertisement -

Римац Аутомобили и оваа година ќе учествуваат на автомобилската недела во Монтереј со новиот C_Two. Но, овој  модел може да се види уште овој викенд во престижниот музеј Petersen Automotive во Лос Анѓелес. Овој музеј е основан од медиумскиот издавач Роберт Е. Петерсен и освен по неверојатните колекции на автомобили е уникатен и по својот изглед, осносно надворешната фасада изработена од нерѓосувачки челик. 

- Advertisement -

C_Two со новата сина боја е избран за американското деби и има неколку новитети. Овој автомобил пристигнува во Монтереј на 24 август, а ден подоцна учествува на Exotics on Cannery Row, каде ќе биде во друштво на најмодерните и најбрзи автомобили на светот.

- Advertisement -