21 C
Skopje
среда, август 12, 2020

Ова е Igorek, руски воен робот кој ќе биде оружје на иднината

Kabtel desktop

Ако додека сте биле мали сте си играле војна или сте гледале филмови како Rambо, сигурно во некој момент сте го споменале зборот „калашњиков“, односно сте слушнале за AK-47. Таа позната руска автоматска пушка ја прослави фабриката Калашњиков, но иако во фабриката и понатаму се произведува оружје, неделава на саем во Москва фабриката претстави поинакво оружје.

Станува збор за роботот наречен Igorek, кој би требало да решава инженерски и воени задачи во војската, пишува Zimo. На прв поглед овој златен робот, тежок 4,5 тони и висок речиси четири метри, потсетува на роботите кои сме можеле да ги гледаме по филмовите како „Alien“ или „Star Wars“.

Оператор или повеќе оператори се сместени во купола на врвот на роботот зад затемнето, наводно непробојно стакло. Можат да управуваат со „рацете“, односно клештите кои се предвидени за подигнување, пренесување или поправање, но можат да бидат опремени и со оружје.

Иако можностите на самиот робот, според информациите кои ги открија од концернот Калашњиков, уште се ограничени, веќе се работи на нова и напредна верзија, која веројатно ќе биде претставена на воен саем во 2020 година. Како изгледа Igorek можете да погледнете од официјалното видео.

https://www.youtube.com/watch?v=Pbz8ggdG8fg

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •