3.2 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Фејсбук започна да ги оценува корисниците

Kabtel desktop

Фејсбук започна да ги оценува своите корисници врз основа на тоа, колку содржината која ја објавиле на оваа социјална мрежа е веродостојна, а оваа акција се спроведува во рамките на борбата против лажните вести.

Оваа социјална мрежа во текот на оваа година разви систем за оценување, што беше потврдено од официјалниот претставник на Фејсбук, Тес Лајонс.

Компанијата беше критикувана заради различни продагандни содржини кои имале за цел да ги дезинформираат корисниците и да шират лажни вести.

Инаку, во една студија спроведена од страна на Фондацијата “Gallup and Knight” се вели дека дури 85% од Американците веруваат дека Фејсбук и Гугл не прават доволно за да го спречат ширењето на лажни вести.

88% од испитаниците сакаат процесот на објавување вести, технолошките компании да ги го направат потраспарентен, а 79% од нив сметаат дека технолошките компании би требало да бидат регулирани како и други медиумски организации.

54% велат дека социјалните мрежи им помагаат да бидат информирани за случувањата во регионот и светот, но и дека се загрижени кога станува збор за уредувачката политика на интернет компанијата.

Marketing365.mk

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •