12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Нова промоција на Vip наменета за целото семејство

Vip продолжува да го збогатува своето портфолио и ја објавува најновата промоција во Vip Combo тарифното портфолио овојпат создадена за комплетна комуникација и забава за целото семејство со единствена понуда на пазарот – подарок таблет.

Најновата промоција која е достапна за сите нови и постоечки корисници е одговор на навиките на современото живеење и барањата на корисниците за неограничена и безгрижна комуникација за сите членови од семејството. Уверени сме дека корисниците ќе направат најдобар избор доколку активираат еден од пакетите од Vip Combo Neo, со што заедно со своите семејства ќе продолжат да уживаат не само во своите домови, туку каде и да се наоѓаат. Со оваа понуда, Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на своите производи”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.

Со избор на Vip Combo Neo 4M корисниците добиваат целосно решение за комуникациските потреби на целото семејство:

  • интерактивна телевизија и можност да гледаат до 130 ТВ канали,
  • неограничен интернет со брзина 50/3 Mbps,
  • бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи,
  • 2 мобилни линии Vip Neo M секоја со 10GB,
  • HBO Premium пакет 12 месеци вклучен во претплатата и
  • подарок таблет Alcatel Pixi 4 (7)

HBO Premium пакетот покрај услугите HBO GO и HBO on Demand, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Услугите HBO GO и HBO on Demand овозможуваат следење на најпопуларните HBO филмски содржини во било кое време, со HBO on Demand на ТВ уред, а со HBO GO било каде на мобилен уред.

Vip Combo Neo 4 вклучува и Vip Видеотека 3 месеци бесплатно како и Vip Now што на корисниците им овозможува да ги следат омилените телевизиски содржини на било кое место и преку било кој уред што го поседуваат.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •