-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Хонгконг е град со најмногу милијардери во светот

Kabtel desktop

Хонгконг му ја презеде лидерската позиција на Њујорк и стана град каде што живеат најмногу најбогати луѓе во светот. Според најновиот извештај на компанијата за разузнавање и управување со податоци Wealth-X, земјите со најголем број милијардери и со најбрз пораст на бројот на луѓе со завидно богатство во светот се Бангладеш, Кина и Виетнам, а Кенија и Индија се веднаш зад нив.

Њујорк повеќе не е град со најмногу ултрабогати луѓе во светот, пишува Business Insider. Популацијата на Хонгконг на луѓе кои имаат најмалку 30 милиони долари богатство минатата година се зголеми за 31% на 10.010. Њујорк сега е на второ место со 8.865 такви богаташи и со релативно помал раст од 7%.

Насекаде во Азија се забележува пораст на богатството, а Хонгконг го предводи тој тренд – во соседствата како The Peak се купуваат имоти кои се продаваат по повеќе од 200.000 долари за квадратен метар. Од 30 најбрзорастечки богати градови во светот, 26 се во Кина.

Додека САД, во глобала, уште се најбогата земја во светот, американската популација на поединци со ултрависоко богатство минатата година порасна незначително. Според извештајот, тоа укажува на фактот дека се случува балансирана распределба на глобалното богатство.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!