ВИДЕО: Between music е првиот бенд во светот кој свири под вода

- Advertisement -

Between music е првиот бенд во светот кој свири под вода. Се прашувате како под вода? Сите музичари од овој дански бенд се целосно потопени под вода во посебни стаклени аквариуми. Тие го развија концептот за аквасонични концерти и посебна техника за акватично или подводно пеење.

Сите музичари од бендот свират на посебно направени инструменти кои свират под вода. Инструментите се направени со помош на научници и нуркачи во длабоки води. Еден од инструментите се вика хидраулофон, другиот кристалофон и третиот ротакорда.

- Advertisement -

Дури и аквариумите функционираат како инструменти. Аквариумите се со посебна големина и посебна температура за да има посебен звук. Воздишките се планиран дел од композициите за музичарите да можат да излезат на површината на водата и да земат воздух. Бендот одржува концерти во целиот свет, па можеби некогаш ќе дојдат и во Македонија.

World’s first underwater band

Listen to this aquatic band play a concert underwater 😮

Posted by In The Know Innovation on Понеделник, 03 септември 2018

Сподели!
- Advertisement -