Македонските кроасани 4U со реномираниот сертификат за квалитет IFS го освојуваат ЕУ пазарот

- Advertisement -

Покрај отворањето на нов производствен погон опремен со најсовремени машини, фабриката „Жито пром“ од Гевгелија неодамна го доби и ценетиот интернационален сертификат IFS (International Featured Standard) со кој се гарантира врвен квалитет и безбедност на храната.

Станува збор за сертификат кој е воведен во 2002 година од германската, француската и италијанската трговска асоцијација и е еден од главните инструменти кој им овозможува на прозводителите да извезуваат во земјите – членки на ЕУ. Новиот погон и сертификат се врзани со производството и извозот на кроасаните 4U кои засега се продаваат во Холандија, Германија, Полска, Израел, Шведска, Италија, Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Бугарија и Романија. Но добивањето на IFS ќе гарантира и влез во многу други држави низ целиот свет на што постојано се работи во „Жито пром“.

- Advertisement -

IFS е развиен на две нивоа – основно и повисоко. Кроасаните 4U ја добија оценката повисоко ниво, што значи дека производот е направен според критериуми кои се сметаат за повисоки стандарди во индустријата за храна. Добивањето на сертификатот било реализирано преку DNV GL, интернационално акредитиран регистар и асоцијација за класификација чие седиште е во Норвешка.

„IFS е наменет за новиот погон во ’Жито пром‘, во кој се произведуваат кроасаните 4U. Со оглед на тоа дека паралелно на имплементацијата градевме и оспособувавме нов простор, истиот е поставен според барањата на стандардот. Целиот систем е насочен кон заштита на купувачите и овозможување квалитетен и безбеден производ. Тоа значи детална контрола на секоја суровина и добавувач, работење по строги правила и процедури, константно следење на процесите и водење на обемна документација со цел стандардизирање на производството, а и намалување на ризиците“ објаснува Татјана Танева Новаковска од „Жито пром“.

- Advertisement -

Таа посочува дека овој тип стандарди често се задолжителен услов од европските компании за да се воспостави соработка.

„Со оглед на тоа дека извезуваме во голем број земји, грижата за нашите купувачи е примарен фокус на нашата компанија. Дополнително, доколку се стремиме кон ЕУ не останува ништо друго освен професионално да се подготвиме за иднината што доаѓа. Трудот, енергијата и постојаните инвестиции се тие што ќе нè насочуваат кон начинот на работење на развиените европски компании“ додава Танева Новаковска.

- Advertisement -

Во „Жито пром“ во моментов се работи на обезбедување уште еден сертификат, Kosher стандардот кој е особено значаен за да го зголемат извозот.

„Со овој стандард се гарантира дека храната е погодна или „чиста“ за консумирање според еврејскиот верски закон за храна кој е наведен во Тората. Законите за кошер вклучуваат опсежна легислатива што се однесува на дозволена и забранета храна во неколку аспекти како и меѓународниот стандард за општествена одговорност BSCI“ истакнува менаџерскиот тим на „Жито пром“.

Фабриката во моментов брои 50 вработени. Од пред неколку месеци беше отворен и новиот погон за кроасаните 4U со што се зголеми производството. Следните планови се фокусирани на проширување на производната палета како и имплементација на стандарди за квалитет кои се бараат на други пазари надвор од Европа.

Сподели!
- Advertisement -