7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Rimac Automobili ќе прави луксузен електричен автомобил со италијанската компанија Pininfarina

Kabtel desktop

Италијанската компаниа Pininfarina објави дека ќе соработува со Rimac Automobili како главен технички партнер на производството на својот прв електричен хиперавтомобил PF0. Rimac ќе ја прави батеријата, ќе го сподели знаењето за софтверот и хардверот. Станува збор за договор вреден 80 милиони евра, пренесува SEEBiz.eu.

Како што велат од Rimac Automobili, овој договор е битен чекор за двете страни, а преку него Pininfarina ќе добие иновативен и успешен партнер, додека Rimac Automobili ќе добијат соработка со познат бренд и ќе го обезбедат првиот целосен производен систем за производство на автомобили.

„Многу сме возбудени поради овој предизвик. Комбинацијата од вредностите на Rimac – технологија, иновации и перформанси – со наследството, историјата и италијанскиот дизајн на Pininfarina е совршена за новиот хиперавтомобил PF0. Ова партнерство е голем чекор за двете компании, а ние се радуваме на производството на овој неверојатен автомобил“ изјави Мате Римац.

Во името на Pininfarinа се огласи Микаел Першке, извршен директор на компанијата, и истакна дека откако го запознал Мате Римац знаел дека тој и неговиот тим ќе можат да го направат токму тоа што им треба за новиот автомобил.

Автомобилите на Pininfarina се во сопственост на групацијата Mahindra, а во април годинава објавија дека се посветиле на правење луксузни електрични автомобили. Првиот таков ќе биде PF0, кој ќе биде претставен идната година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!