16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Нуриел Рубини предупредува: Криптовалутите се измама над измамите

UAKS desktop

Угледниот економист Нуриле Рубини, познат и како Dr. Doom (Доктор Пропаст), неодамна изјави дека биткоин и сите останати криптовалути се „измама над измамите“. Откако во декември минатата година достигна врв од 20.000 долари, биткоин изгуби две третини од вредноста.

„Измамници, криминалци и шарлатани влегоа во светот на инвеститори и продаваат сомнителни средства Во историјата на финансиските балони уште ниеден балон се нема издишено толку брзо“ вели Рубини.

Не поштедувајќи никого, Рубини утврди дека пристап до блокчеин технологијата имаат „еден куп лакоми белци“ и „многу малку жени и припадници на малцинствата“.

„Лакоми белци се преправаат дека создале милиони долари богатство од нигде никаде додека глумат дека се грижат за милијардите сиромашни луѓе во светот“ додава Рубини.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •