2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

За да опстане светот потрошувачката на месо мора да се намали за 90%!

Kabtel desktop

Група научници од повеќе европски истражувачки институти направија детална анализа на влијанието на прехранбениот систем врз Земјата. Анализата покажува дека доколку земјоделските практики и трендовите не се контролираат, способноста на Земјата да ги прехрани своите жители драстично ќе се намали во следните децении!

Емисијата на стакленички гасови, користењето на почвата и водата, сечењето на шумите, губењето на биодиверзитетот и мртвите зони во морињата и океаните сите се проследица на земјоделството и сточарството, предупредуваат експертите. Сепак, годинашната анализа открива нов проблем – снабдувањето со храна, кој е најсериозен од сите. Популацијата на Земјата забрзано се зголемува и до 2050 година ќе достигне 10 милијарди, а штетата која ја правиме врз животната средина ја загрозува можноста во иднина да има доволно храна за сите!

„Навистина е шокантно , навистина го ризикуваме опстанокот на целиот систем“ вели Марко Спрингмен, главен истражувач од Универзитетот Оксфорд. Тимот анализираше прецизни податоци од секоја земја за да ја направи најсеопфатната проценка на производството на храна и на глобалната животна средина до денес. Нивната дијагноза е следната – за опстанок на светот потребно е драстично намалување на консумацијата на месо.

„Може да се нахрани еден свет со 10 милијарди жители, но само ако го смениме начинот на којшто јадеме и ја производуваме храната. Денес на менито имаме две работи – ‘позеленување’ на прехранбениот сектор или ’јадење‘ на планетата“ објасни професорот Јохан Рокстром од Институтот за истражување на климатските промени Потсдам.

Истражувањето предвидува намалување на консумацијата на месо во светот за дури 90%, а 60% намалување на консумацијата на млеко во земји како САД и Велика Британија, со цел да се одржува покачувањето на температурата во граници на планираното.

„Нема некое магично решение, но промените во прехраната и технолошките промени во земјоделството и сточарството се двете најбитни работи“, додаваат научниците. Новата диета тие ја нарекуваат „флекситаријанска“, односно засилена употреба на зрнести и јаткасти плодови и семиња, со кои ќе се замени месото. Ако го земеме просечниот граѓанин, во неговата исхрана треба да се намали говедското месо за 75%, свинското за 90%, а консумацијата на јајца треба да се намали за 50% за да се преполови емисијата на стакленички гасови од сточарството и да се врати планетата во некоја нормала.

„За жал живееме на планета со ограничени ресурси. Фиктивно е да се мисли дека има технолошко решение кое ќе ни овозможи да произведуваме толку храна колку што ни треба, да се прејадуваме и да фрламе отпад од храна“ заклучуваат истражувачите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •