-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

МИТ развива батерија која ќе го „јаде“ јаглеродниот диоксид

Kabtel desktop

Истражувачи од МИТ веројатно пронајдоа иновативен начин да се намали количината стакленички гасови во атмосферата. Новиот вид батерии на коишто работат може да бидат делумно направени од јаглерод диоксид заловен од отпадните гасови од фабриките.

Наместо да се обидуваат да го претворат јаглерод диоксидот во специјализирани хемикалии со помош на катализа на метал, која е доста тежок процес, батеријата ќе може континуирано да го претвора јаглерод диоксидот во цврст минерален карбонат. Батеријата е направена од литиум, јаглерод и електролит кој го дизајнираа истражувачите.

Од МИТ велат дека иако се во рана фаза од развојот и далеку од комерцијална продажба, новата формула за батерии може да отвори нови опции за електрохемиски реакции за конверзија на јаглерод диоксидот. Оваа иновација може да помогне да се намали емисијата на сталенички гасови во атмосферата.

„Јаглерод диоксидот не е многу реактивен, па затоа е битно да се најдат нови начини за реакции. Она што го покажавме по прв пат е дека оваа техника го активира јаглерод диоксидот за полесна електрохемија“ додаваат научниците.

Системот допрва треба да се оптимизира и да се доразвива. Засега животниот век на новите батерии е 10 полнења и празнења, па потребно е да се доистражи проблемот за да се спречи деградација на компонентите. Ќе поминат години додека батериите од литиум и јаглерод диоксид станат комерцијален производ.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!