Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) ја организира 1-та годишна маркетинг конференција за применети маркетинг и комуникациски трендови, на 13 декември (четврток) 2018 година, во Скопје во Сити Хол Центар Скопје со почеток во 10:30 часот.
На отворањето на конференцијата ќе се обрати професор д-р Димитар Ковачевски, шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС.
Главни говорници на маркетинг конференцијата се 7 извшни директорки на маркетинг и комуникациски агенции во Македонија:
Александра Дилевска, CEO Macedonia| COO Adriatic Publicis One
Илинка Црвенковска, Creative Director Idea +Communication
Билјана Мечкаровска, Managing Director MPG Solutions-Skopje
Весна Кузмановиќ, Managing Director StratumRID
Ангелка Пеева Лауренчич, Managing Director ImagePR
Ира Стефанов Бабич, CEO Brand Union
Роза Петровска, Managing Director Universal Media Skopje
Учеството на конференцијата е бесплатно, и формата за регистрација е достапна на:
http://www.uacs.edu.mk/home/event/marketing-talks-uacs/
Главните говорници ќе бидат достапни за куси изјави и дополнителни новинарски прашања по завршувањето на првата сесија (околу 13:00 часот).
Работен јазик на настанот е англискиот, без превод на македонски јазик.