10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Винарницата „Камник“ го подготвува првиот органски „Вранец“

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Ики Малинковски, сопственик на скопската винарница „Камник“ и на придружните објекти за вински туризам деновиве во интервју за www.vino.rs најави дека винарницата го подготвува првиот органски „вранец“!

На прашањето што подготвува винарницата за 2019, Малинковски одговори:

„Се подготвуваме за прославата на 15 години постоење на винарницата. Свежите вина произведени оваа година, а и вина кои по одлежувањето во бурињата, чекаат да бидат лансирани на пазарот со сите свои раскошни вкусови. Едно од нив ќе биде „Темјаника 2018“, но и новото „Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2016“, кое во Србија ќе пристигне навреме за со него да се прослави Новата година и Божиќ. Тука се и шампањското „Spark 2014 Blank the Blanks Brut Nature“, кое веќе четири години одлежува и чека да се појави на полиците, а како апсолутен и посебен новитет во нашата винарница го спремаме првиот органски „вранец“.

Како помина 2018 година за винарницата Камник? Од Виена донесовте златен медал за вината „Merlot Single Vineyard 2015“ и за „Ten Barrels Syrah 2016“. Со кое ваше вино се гордеете најмногу?

Слободно можам да речам дека на крајот на годинашната берба сум целосно задоволен и покрај неколкуте предизвици во лозјата со коишто успешно се изборивме. Очекуваме дека оваа берба ќе даде вина кои ќе ги достигнат стандардите на квалитет кои како винарница ги поставивме и до кои се држиме. Веруваме дека тие ќе ни донесат и нови награди и признанија.

Секое вино кое излегува од нашата винарница ме прави горд затоа што кога инвестираш огромен труд, знаење, финансии и многу љубов не можеш да не се гордееш со тоа што го имаш. Конкретно, ако ме прашувате кое е мое најдраго вино за консумирање, тогаш би го издвоил „Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2009“, вино кое е развиено со крајно изразени зачински ароми, еукалиптус и изнедри посебен баланс на компонентите кои ме одушевија. Би го идзвоил и „Ten Barrels Syrah 2011“ и се разбира, „Signature 2008“.

На прашањето за позицијата на македонската винска сцена денес во однос на останатите држави од регионот, Малинковски вели:
“Би рекол дека Македонија во последната деценија навистина направи крупни чекори и го доближи својот вински репертоар на најпознатите светски региони. Имаме се повеќе добро обучени енолози, се повеќе внимание се посветува на имплементацијата на современа технологија, а науката и винарството одат рамо до рамо. Модерниот и динамичен пристап е се поприсутен во македонската винска индустрија, што очигледно дава резултати. Секако, тука е и одличната клима како еден од основните битни фактори“.

(Извор- www.vino.rs)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!