4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

Владата им нареди на институциите да спроведат најмалку една еко-акција до март 2019!

Kabtel desktop

Владата ги задолжи министерствата и органите во нивен состав и самостојните органи на државната управа, до март да спроведат  најмалку една еколошка акција. Одлуката е донесена на владина седница, како придонес во борбата против аерозагадувањето и  како и за заштита на животната средина.

„Задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно“, соопштија од Влада.

Препорака за вакви еко акции Владата упати и до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.

Од Влада најавија дека по евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •