На ваков начин се очекува да се подобрат локалните политики на Град Скопје за финансиска стимулација на иницијативите за создавање социјални претпријатија во интерес на жените и младите Роми.

Преку доделените грантови ќе се поттикнат одржливи локални иницијативи на граѓански организации преку креирање на социјални претпријатија. Програмата има за цел да ги поттикне граѓанските организации (особено на локално ниво) да се зајакнат и да воспостават партнерства и соработка со субјекти од други сектори (со бизниси, институции, граѓани и други чинители), односно да им обезбеди поддршка и ресурси за нивните социјално претприемачки иницијативи, практики и услуги што ги нудат во рамки на своето секојдневно работење.

Граѓанските организации ќе имаат можност да обезбедат долгорочно одржување на своите програми и активности преку кои придонесуваат за целните групи и јавниот интерес и за остварување на сопствените мисии и визии.

Целта на програмата за доделување грантови е поддршка на граѓанските организации да искористат нови пристапи за инклузија на лица од ромската заедница на пазарот на трудот, но и да се изгради партнерство меѓу Градот Скопје, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор за развој на социјалното претприемништво на локално ниво. 

Се очекува програмата да им овозможи на граѓанските организации да ги градат своите капацитети за креирање на проектни апликации во вид на бизнис-планови, финансиско водење на мали претпријатија, мрежно работење и администрирање на проекти поддржани од Европската Унија. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират капацитетите и способностите за управување со грантови финансирани од ЕУ.

Право на учество, согласно критериумите за подобност, имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации коишто се регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик.

Рокот за поднесување на апликациите е до 18.02.2019 година до 16 часот (до тогаш апликацијата треба да e поднесена до Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истраќување). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул. „Франклин Рузвелт“ 51 а/26, 1000 Скопје, Македонија. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите не можат да се јават како ко-апликанти во друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 491.680,00 денари, а максималната 921.900,00 денари.

Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

Насоките за аплицирање, како и целокупните информации за целите, активностите и критериумите за доделувањето на грантовите се достапни во Упатството за аплицирање. За дополнителни прашања и информации можете да се обратите на vaska.panova@hera.org.mk, согласно насоките во упатството.

Се замолуваат граѓанските организации да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Информативни  средби  во врска со повикот ќе се одржат во два града:

  • Инфо-сесија во Скопје – 16.01.2019 со почеток во 10:30 во ЕУ Инфо-центар
  • Инфо-Сесија во Битола – 22.01.2019 со почеток во 10:30 во Хотел Епинал