2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Три креативни и иновативни начини за намалување на отпадот од храна

Kabtel desktop

Додека во мнгоу земји во светот се уште владее глад и луѓето умираат од неухранетост, во други проблем е отпадот од храна затоа што луѓето се однесуваат неодговорно со храната што ја консумираат. Еве три креативни начини за искористување на отпадоците од храна како материјал или ресурс за производство.

Правење пиво од бајат леб. Компанијата Toast го собира лебот што им останал непродаден на пекарниците и супермаркетите. Тој леб го додава во мешавина од јачмен и квасец и од него прави пиво. За секое шише пиво се користи по едно парче леб. Досега Toast има произведено 265.000 литри пиво направено од леб во шест земји.

Не ја фрлајте храната на која и се ближи крајниот рок на употреба. Апликацијата Wasteless користи вештачка интелигенција за да открие кои производи мора да се консумираат. Во реално време ја прилагодува цената на производот во зависност од тоа до кога е краниот рок на употреба. Потрошувачите многу помалку за производите на кои им се ближи крајниот рок на употреба. Продавниците кои ја користат апликацијата велат дека го намалиле отпадот од храна за 33%.

Искористете го свежото овошје и зеленчук без разлика како изгледа. Компанијата Ooze го купува овошјето и зеленчукот од локалните маркети кое изгледа чудно и неправилно и веројатно ќе биде фрлено. Птоа тоа овошје и зеленчук го претвора во смути. Дури 40% од храната во Велика Британија се фрла затоа што изгледа непривлечно.

На глобално ниво, една третина од храната што се произведува се фрла. Доколку отпадоците од храна беа земја, ќе беа третиот најголем загадувач во светот со стакленички гасови. Се очекува до 2050 година побарувачката за храна да се зголеми за 70%.

Here are three creative and innovative ways to stop wasting food

Globally, a third of all food produced is wasted. Learn more about food sustainability: https://wef.ch/2AtZXVC

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 28 јануари 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •