Интервју со Мане Андреевски, бизнис менаџер на компанијата Рутикс, која е дел од тимот кој го разработува единственото вистинско решение за транспортните компании – Рутикс
Што претставува Рутикс?
Основата на Рутикс претставува решение за оптимизирање на транспорните процеси, кое има за цел да го зголеми профитот на клиентите преку подобрување на продуктивноста, ефикасноста и безбедноста. Целосното софтверско решение се состои од хардверски уред кој се инсталира во секое возило, и комуницира со сeрвер кој ги собира, обработува и чува податоците. Потоа тие податоци се анализираат, прегледуваат и искористуваат преку веб апликација, која е составена од низа алатки наменети да им ја олеснат работата и да им заштедат време на корисниците на софтверот кои се одговорни за транспортните процеси. Дополнително Рутикс има и мобилна апликација која е основна алатка на корисниците кои се на терен, каде покрај алатките за навигација и комуникација, се интегрирани сите потребни информации во врска со доделените задачи. Целта на Рутикс не е да биде дел од низата софтвери кои компаниите ги користат за да им ги олеснат дневните активности, туку да биде целосно, сеопфатно решение, кое ќе го интегрира целиот циклус на процеси, од добивање нарачака за транспорт, до нејзино фактурирање односно исплата, со сите придружни активности.
Која е разликата на Рутикс од другите апликации?
Рутикс е апликација која е единствена на македонскиот пазар. Како што напоменавме погоре, ние не сакаме да бидеме само дополнување на мноштвото од апликации кои таргетираат само одредени делови од процесот, (пример, само обработка на налози, или само ГПС следење на возила); туку интегриран софтвер кој нуди целосна поддршка на возниот парк на компанијата. Колку за илустрација да разгледаме едно сценарио. Транспортна компанија преку своите администратори за продажба добива налози за извршување транспорт на добра од своите соработници. Администраторите мора да приберат голем број на налози за различни видови добра кои може да имаат посебни услови за транспортирање. Задача на планерите за транспорт е да ги најдат најоптималните расположливи возила за да ја завршат работата, при тоа имајќи предвид голем број на фактори кои се однесуваат на возилата и возачите, како достапност, капацитет, потреби за сервисирање, планирање на човечки ресурси, трошоци итн. За да може планерот да донесе најоптимални одлуки за најкратко можно време потребен му е софтвер кој ќе му ги испорача резултатите базирани на сите тие параметри за тој да донесе брза и прецизна одлука. Понатаму преку опциите за следење на возилата, операторите на системот ќе можат во секој момент да го знаат статусот на нивниот налог и возило, и на тој начин да реагираат проактивно, а не реактивно на потенцијалните проблеми при транспортот.
Дополнително, преку мобилната апликација, операторите се директно поврзани со возачите, можат директно да комуницираат со нив во секое време, да им испраќаат конкретни рути по кои мора да возат, додека за возачите апликацијата преставува централизиран систем од каде што ги добиваат сите податоци, известувања за ажурирани налози и и рути, документации кои им се потребни да ја завршат својата работа итн. На крај, предноста на нашиот „се во едно“ софтвер е што овозможува уреден преглед и брзо и прецизно фактурирање на налозите за транспорт кон клиентите. Интегрираниот модул за менаџирање на плаќањата овозможува и менаџирање на финансиите кои се поврзани со транспортот, па така нашите клиенти во секое време ќе имаат преглед на финансиките состојби со своите клиенти. Сите овие податоци со кои располагаме, следењето на налозите, рутите, трошоците кои одат со нив, приходите и расходите кои ги иницираат, ни овозможуваат да развиваме систем кој ќе им овозможи на менаџерите да генерираат извештаи и предвидувања кои на крајот ќе им помогнат да донесат подобри, побрзи, попрецизни одлуки кои ќе базираат на обработени согласно потребите, реални, фактички податоци. Ова не може да се постигне ако компаниите се служат со одделни софтвери за секој од процесите, од кои дел не може ниту да преземаат податоци едни од други. Ние сакаме на нашите клиенти и нивните соработници да им овозможиме целосна видливост на тековните процеси и операции, и со тоа да им дадеме можност да имаат реална, опиплива корист од тие податоци. Тоа неминовно ќе резултира со добиено време, зголемување на продажбата на транспортните услоги, попаметни и попрецизни бизнис стратегии, цени итн.
Со кои предизвици се соочувате како ИТ компанија која изработува софтвер во една многу голема и многу специфична инсутрија? Како ги решавате тие предизвици?
Рутикс е современ оперативен софтвер кој служи како алатка за подобрување на организацијата на компаниите кои се дел од транспортната и логистичката индустрија. Како оперативен софтвер, целта на Рутикс е да ги поддржи операциите на транспортните и логистичките компании на повеќе нивоа, така што ќе послужи како секојдневна алатка на сите оние кои се неразделен дел од процесот – планери на транспорт, администратори за продажба, финансиски администратори, па се до највисоките нивоа на менаџмент. Најголемиот предизвик на кој што се обидуваме да одговориме е да испорачаме SaaS (Software as a Service) софтвер кој ќе биде еластичен до таа мера, да секоја компанија може да ги прилагоди оние функционалности кои им се потребни онака како што одговара на нивниот специфичен бизнис процес, и тоа на секое од нивоата наведени погоре. Токму затоа нашиот инженерски тим работи напорно да ги преточи информациите собрани од нашите партнери од индустријата, да ги анализира, обработи и преточи во корисна алатка. Нашиот главен адут е тесната соработка со нашите индустриски партнери, кои ни овозможуваат детален, сеопфатен увид во целата нивна работа, со што го добиваме потребното знаење за да изработиме софтвер кој ќе биде „десна рака“ на сите учесници во процесот, кој реално ќе им пружи помош каква што им е потребна. За таа цел, мора постојано да бидеме во тек со технологиите кои ни се потребни за да поставиме таков флексибилен систем, кој ќе овозможи лесна интеграција и прилагодување на потребите на секој постоечки и нов клиент. Истовремено, користиме агилни методологии во нашата работа, кои ни овозможуваат да и нашиот тим биде флексибилен, да работи во постојана комуникација со партнерите и корисниците, и да го преточи нивниот фидбек во реален, корисен прозивод. Исто така, бидејќи Рутикс работи со голем број на податоци, од кои голем дел од нив се од сензитивна природа, ние мора да имплементираме современи сервиси, во согласност со светските стандарди и европската конвенција за затита на лични податоци (ГДПР) кои ќе ни овозможат безбедно и квалитетно чување и обработување на подаците со кои располагаме.
Кои се најважните сегменти каде Рутикс дава поддршка?
Како што објаснивме во погорното сценарио Рутикс, е софтвер кој опфаќа повеќе бизнис процеси, како планирање и менаџирање на ресурси финансии итн, но функционира и како ТМС ситем кој се грижи за конкретните процес поврзани со транспорт кај тој тип на компании. Па така, од почетокот до крајот на циклусот, Рутикс ги поддржува следните сегменти од логистичкиот синџир:
Процесирање на нарачки – односно во нашиов случај налози за транспорт. Системот овозможува примање и креирање на налози, архивирање, ажуриање на цени, делегирање на налози итн.
Планирање и одлучување – по процеисрањето на нарачките, следува делот на планирање транспорт за тие нарачки. Системот работи на аглоритми кои ги нудат најдобрите решенија за избор на соодветени ресурси (возачи, возила) како и сервиси кои помагаат да се понудат најефикасните транспортни шеми според дадени параметри, кои имаат пониско или повисоко значење според политиката на корисникот: трошоците за превоз, пократко време на дистрибуција, поефикасен превоз и обезбедување на квалитет, итн.
Извршување и следење на транспортот – Рутикс овозможува и извршување на транспортниот план, со сите пропратни предизвици за диспечирањето, комбинирање на транспортот со цел оптимизирање на трошоците. Потоа следливост на транспортниот процес настан по настан (превозот од А, пристигнување во Б, царинење, итн.), уредување на прием, царинење, фактурирање и резервација на документи , испраќање на сообраќајни предупредувања (одложување, несреќа, непредвидени запирања).
Следење на наплата и водење на финасиите – Рутикс има имплементирано многу прегледен систем за фактурирањена секој од налозите и ефективно следење на сите долгови, уплати, компензации.
Извештаи и донесување одлуки – од сите податоци кои на еден или друг начин влегуваат и се чуваат во базите на Рутикс, може да се генерираат извештаи според бројни параметри кои ќе ги дадат потребните одговори на менаџерите со цел донесување попрецизни и побрзи одлуки.
Колку е препознаена потребата за Рутикс кај превозниците во Македонија, и генерално? Колкав e интересот за Рутикс?
Софтвери како Рутикс, на европскиот и светскиот пазар не се нешто ново. Она што е ново се можностите кои ги нудат новите технлогии. Софтверите за менаџирање транспорт некогаш биле молив и хартија, потоа биле табели во ексел (некаде се уште се), додека денес технологијата овозможува многу подобро следење и искористување на податоците. Во време кога можеме да ги „тренираме“ машините да учат од процесите на интеракција човек – компјутер, грубата автоматизација на процесите сама по себе не е доволна. Европските и светските компании ги диктираат овие трендови и барања, па така природно доаѓа да на пример прозиводителите на Мерцедес, инсистираат од транспортните компании кои испорачуваат опрема и делови до фабриките за производство, користат современ софтвер за менаџмент на транспортот кој ќе гарантира квалитетна и навремена достава. Од таму употребата на ваков софтвер полека но сигурно ќе стане неопходност, а не луксуз за нашите транспортни компании. Нашето истражување на македонскиот пазар покажува дека секоја компанија која работи транспорт, единечен и збирен кон европа и назад во Македонија, веќе го чувствува притисокот од потребата за технологија од овој тип за да воопшто опстојат во бизнисот со европските партнери. Но дури и без тој дополнителен притисок, гледаме дека постои свест за бенефитите од софтвер како Рутикс. На македонскиот пазар и нема некоја понуда на ваков софтвер за да воопшто можат да направат споредба, а алатките со кои се служат или имаат ограничување поради застарена технологија, или немаат доволно добра и брза корисничка поддршка од разни причини, или пак се одлични софтвери но недоволно сеопфатни, базираат само на тракинг на возила и слични процеси. Од тука неизбежна потребата од ваков софтвер, и ние сме доволно информирани за да бидеме оптимисти дека и македонските превозници ќе може лесно да ја воочат потребата и да најдат примена за Рутикс во своите компании. Со оглед на тоа што нашиот производ е во развој и се уште сме во почетна фаза на промоција и едукација на компаниите, можеме да кажеме дека прилично сме задоволни од интересот на компаниите. Неколку поголеми превозници веќе го препознаа потенцијалот на Рутикс како софтвер, но и посветеноста на нашиот тим, заради тоа што ние секојдневно им покажуваме дека сме темелни во нашата работа, дека имаме визија и дека сме партнер од доверба.
Дали македонскиот пазар се прилагодува на стандардите кои се воведуваат за транспортните компании во Европа?
Македонските транспортни компании генерално ги следат сообраќајни и законски регулативи за превозници, но не ги следат оние правила и законски регулативи кои наскороќе бидат воведени. Тоа значи дека доколку македонските компании не инвестират во вакво софтверско решение нема да можат да добиваат работа од европските компании. Не би сакале да звучиме застрашувачки, но ние како директно инволвирани во тој сегмент во Европа, ги знаеме работите однапред, и сакаме на време да влијаеме на македонските транспортни компании следејќи ги сите трендови.
Дали тоа значи дека доколку македонските компании не се адаптираат на условите кои се наметнуваат в Европа, ќе имаат стагнација во развојот?
Пак ќе кажам, не би сакале да звучиме песимистички , но во иднина превозниците кои немаат софтвер кој е интегриран со компаниите во Германија на пример, нема да можат да добиваат нарачки или информации за превоз на одредени стоки. Тоа е поради фактот дека компаниите во Европа се развиваат и напредуваат во сите сегменти пропорционално. Кај нас компаниите имаат проблем со развојот бидејќи многу тешко се одвикнуваат од навиките кои ги стекнуваат. Но, со тоа си прават проблем.