22 C
Skopje
петок, август 7, 2020

Унгарија ги стимулира жените помлади од 40 години да раѓаат деца со заеми од 36.000 евра

UAKS desktop

Се помалку деца се раѓаат во Европа. Унгарците напорно работеа да го остварат својот неверојатен економски раст, изјави премиерот Виктор Орбан во обраќање до јавноста и најави низа нови повластувања за поттикнување на демографскиот раст.

Како еден од најистакнатите критичари на масовното доаѓање на мигранти од Блискито Исток и од Азија, Орбан во обраќањето ги критикување европските бирократи и проимигрантската политика. Тој додаде дека неговата влада ќе продолжи да го одржува економскиот раст на 2% над европскиот просек и покрај очекуваното забавување на глобално ниво.

Од неговото доаѓање на власт во 2009 година расте бројот на склучени бракови, намалена е смртноста кај доенчињата, вработеноста порасна од 55% на 70%, пораснаа платите, а повеќе од двојно е зголемена минималната плата, истакна Орбан.

Тој најави седум нови точки за поттикнување на младите. Новите мерки вклучуваат поголеми заеми за семејства со најмалку две деца за да можат да си купат сопствен дом, субвенции за купување автомобили и ослободување од даноци за жените кои одгледуваат најмалку четири деца.

Жените помлади од 40 години, пак, кои ќе склучат прв брак ќе добијат заем од 36.000 евра. Третина од заемот ќе им биде опростена кога ќе го родат второто дете, а целиот износ ќе им се прости ако родат и трето дете.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •