14.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Lonely Planet: Шри Ланка е најдобрата дестинација за 2019 година!

Kabtel desktop

Најпознатиот туристички водич во светот Lonely Planet ја прогласи Шри Ланка за број еден земја во светот која треба да се посети во 2019 година. Оваа јужноазиска земја е избрана од повеќе причини, меѓу кои различните искуства кои ги нуди, неверојатната храна и туризмот.

Еве ви петнаесет причини зошто никако не смеете да ја изоставите Шри Ланка од листата со места за посетување.

Шри Ланка има 5.800 диви слонови во националните паркови. Едно од најдобрите места каде што можете да уживате е националниот парк Удавалаве, каде што живеат околу 600 слонови.


Нема да најдете подобар пејзаж од изгрејсонцето над Адамовиот врв. Врвот кој уште се вика Шри Пада е висок 2.243 метри и е познат по депресијата на врвот, каде што будистите веруваат дека има отпечаток на богот Буда. Потребни се од 2 до 4 часа за да се искачите на врвот и најдобро е да се качувате наутро.

Историскиот град Гале Форт е одлично место за шопинг и за јадење. Најдобриот начин да ја поминете вечерта во Гале Форт е да прошетате по старите улици и да ги посетите локалните кафулиња и ресторани. Има многу историски споменици кои треба да ги посетите, но исто така можете и да уживате во шопинг.


Шри Ланка има навистина „кул“ карпа. Таа карпа е тврдината Сигирија, која е една од најубавите атракции во Шри Ланка. До врвот на тврдината на 20 метри треба да се искачите по безброј скалила.


Патувањето со воз во Шри Ланка е едно од најживописните во светот. Шри Ланка е позната по патувањата со воз. Возот во оваа земја ќе ве превезе до која било точка по цена од само едно кафе во САД или во Европа.


Земјата има буквално стотици извонредни хотели. Луксузните хотели во Шри Ланка се отвораат скоро секој ден. Од шик мотелите во Гале Форт до магичните ресорти на западниот брег, има хотел за сечиј вкус на овој остров.

Во Шри Ланка имате одлична алтернатива за сафари во Африка. Земјата се повеќе привлекува туристи со своите диви животни, а најногу со леопардите, слоновите, мечките и китовите. Според најновите податоци, во Шри Ланка има од 700 до 950 леопарди.


Но, има и неверојатни плажи. Шри Ланка можеби не е позната по своите плажи, но наскоро тоа ќе се смени. Препораката од Lonely Planet сигурно само малку ќе го раздвижи туризмот на островот, но тој допрва ќе се развива. Особено, на западниот брег, каде што се градат прекрасни ресорти.

Шри Ланка има и антички град. Анурадапура, односно главниот град на Северно-етралната провинција на Шри Ланка, е место од големо археолошко и културно значење. На негово место се верува дека постоела првата престолнина на Шри Ланка во четвртиот век. Сега градот е под заштита на УНЕСКОи е задолжителна станица за сите религиозни луѓе.

Жителите на земјата се опседнати со крикет. Шри Ланка многу повеќе го форсира крикетот дури и од Британците. Нема да најдете зелена површина каде што не се игра крикет.

Има и античка пештера полна со статуи на Буда. Храмот Дамбула е сместен во пет пештери под огромна карпа и датира од певиот век пред нашата ера.


Фестивалот на слоновите е уште нешто што ќе ве привлече во Шри Ланка. Канди Есала Перахера или Фестивалот на забот е еден од најбитните датуми во календарот на Шри Ланка. Доколку ја посетувате земјата во периодот од јули до август, можеби и ќе можете да го видите. d lights.


Храната ќе ве маѓепса, особено „хопер“. Шри Ланка ја има најразноликата ужина во светот. Хопер е една комбинација на палачинка со кора во која можете да ставите се – од јајца и месо до кари или вкусна мешавина од кокос.

Во Шри Ланка се пие повеќе чај отколку што можете да замислите. Земјата е еден од најголемите извозници на чај во светот. Тоа значи дека таму ќе видите фабрики за чај, кои можете да ги посетите, да научите повеќе за чајот и да се напиете вкусна шолја чај.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •