29 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Компанијата VEJA направи патики од отпадоци од пченка

Kabtel desktop

Брендот за етички патики VEJA го претстави својот најнов и веројатно најимпресивен еклошки производ досега – патиките Campo направени од нов вегански и биоразградлив материјал. Револуционерниот материјал се вика C.W.L. и е направен од 50% отпад од пченка од прехранбената индустрија. Campo е прв иот производ од модната индустрија во кој се користи материјалот C.W.L.

Материјалот C.W.L. го разви италијанска компанија, а се состои од органски памук прелиен со вештачка кожа и остатоци од индустријата за преработка на пченка. Изгледот и чувството на допир се речиси исти како кожа, па овој биолошки материјал е еколошка замена за кожата. 

„Откако ја основавме VEJA во 2005 година, постојано бараме нови одржливи и поеколошки суровини“ велат од VEJA. По пет години истражување и развој и многу неуспешни обиди да се најде еколошка замена за кожата, конечно најдоа револуционерен материјал.

Патиките Campo се достапни во повеќе бои. Материјалот C.W.L. е употребен за горниот дел, а за остатокот се употребени рециклиран полимер B-Mesh добиен од рециклирани пластични шишиња и чиста гума добиена од дождливи извори од прашумите од Амазон за изработка на ѓонот. Како што е случај со сите чевли на VEJA, патиките Campo се направени етички во Бразил во регионот Порто Алегре.

Новиот Campo модел е алтернатива за кожените модели на VEJA. Четириесет проценти од моделите на VEJA за колекцијата пролет-лето 2019 се вегански, меѓу кои моделите Rio Branco и Nova. Патиките може да се нарачаат онлајн во шест различни модели по цена почнувајќи од 125 евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •