Пред вечерашното доделување на најпрестижните статуетки: Oскарите низ призмата на промените и парите!

- Advertisement -

Најголемото признание во филмскиот свет, изминатата 2018 година прослави 90 роденден. Ноќеска по наше време, а локално време за Западниот брег на САД, ќе се одржи 91 издание. 

Коментарите за номинациите, прогнозите и очекувањата ги оставаме на филмофилите ширум светот, на славните од светот на 7 уметност, но и на обложувалниците кои тријат раце од можните заработки. Кога сме кај нив и во Македонија има можност да се обложувате околу победниците. 

 Пишува – Љубица Ангелкова

Ние ќе се позанимаваме со промените кои од 1929 година се случувале на овој гламурозен настан.
1929 – Првото доделување на Оскарите било на 16 мај во Хотелот Рузвелт во Холивуд, а настанот го водеше актерот Даглас Фербанкс Џуниор. Тогаш за единствен пат наградата за надобар филм ја доби немиот филм “Крила”, романса за Првата светска војна.
1939 – Академијата наградата официјално започнува да ја нарекува Оскар. Непотврдена е приказната дека името го дала една службеничка во Академијата, Маргарет Херик која златната статуетка ја потсетувала на нејзиниот вујко Оскар.
1940 – Хети Мек Даниел е првата афроамериканка добитничка на Оскар. Таа ја освои наградата за најдобра споредна улога во филмот “Одвеано со виорот”. На доделувањето морала да седи на посебна маса. Изминаа 52 година додека следна афроамериканка добила Оскар за актерство. Станува збор за Вупи Голдберг за споредна улога во филмот “Дух”.
1953 – Оскарите за прв пат се пренесуваа во живо на ТВ. Водителот Боб Хоуп тогаш рече: “Не е ли прекрасно што овие гламурозни ѕвезди вечерва ќе бидат во Вашите домови?”
1963 – Сидни Поатје стана првиот афроамериканец добитник на Оскар за актерство, за улога во филмот “Полски лилјани”
1968 – Доделувањето на Оскарите се одложи за два дена заради убиството на Мартин Лутер Кинг на 4 април.
1969 – Е прв и единствен пат кога Академијата додели две награди за најдобра женска улога. Кетрин Хепберн доби Оскар за “Зимата на еден лав”, а Барбара Стрејсенд за “Смешна девојка”.
1973 – Марлон Брандо ја освои наградата за најдобар актер како Вито Корлеоне во “Кум”, но го бојкотираше доделувањето незадоволен од тоа како во филмовите и на ТВ се прикажуваат Индијанците. Сашин Литлфедер, индијанска активистка, се појави на сцената во традиционална облека на Апачите, но одби да ја прими златната статуетка.
2002 – Хали Бери стана, и сеуште е единствената афроамериканка која го освоила осакрот за најдобра актерка. Наградата ја посвети на “сите безимени афроамериканки кои добиле шанса, зошто вратата од вечерва е отворена”
2003 – “Господарот на прстените-Враќањето на кралот” победи во сите категории во кои беше номиниран. Тоа е трет филм во историјата кој освоил 11 Оскари, покрај “Титаник” од 1997 и “Бен Хур” од 1959. Истата година Роман Полански освои Оскар за најдобар режисер за филмот посветен на холокаустот “Пијанист”, но не можеше да дојде на свеченоста во Лос Анџелес бидејќи САД го бараа заради силување на малолетничка во 1977. Публиката одговори со станување и долготраен аплауз.
2009 – Кетрин Бигелоу е првата жена која освоила Оскар за режија во филмот “Катанец за болка”.
2013 – Џенифер Лоренс се сопна и падна додека се качуваше на сцената како би ја примила статуетката за најдобра актерка во филмот “Во добро и во зло”. Публиката ја пречека со овации, на што Лоренс одговори со шега “аплаудирате само затоа што паднав”.
2016 – Втора година по ред, сите номинирани во 20 категории беа белци, што предизвика критики и кампања на социјалните мрежи #OscarsSoWhite. Академијата реагираше така што објави план по кој ќе се зголеми бројот на жените припаднички на малцинствата помеѓу своите членови.
2017 – “Месечина” стана првиот најдобар филм во кој актери се само афроамериканци, но заради замена на пликот наградата претходно му е доделена на “Ла Ла Ленд”.
2018 – беше година во која немаше никакви изнендувања
Каква ќе биде 2019, останува да причекаме неколку часа.
ОСКАРОТ НИЗ ПРИЗМА НА ПАРИТЕ
Ако ги слушате водителот, најавувачите и добитниците на говорницата на доделувањето на Оскарите ќе мислите дека овој настан е посветен само на уметноста, талентираноста и врвните филмови. Но, факт е дека многу нешта се вратат околу парите. Еве некои претстави колку чини една ваква совршена церемонија и колку вистински се плаќа.
Ботокс реалност
Актери и актерки кои со години се предаваат на инекции со ботокс пред доделувањето на Оскар. Не е ни чудо што на Малибу се наоаѓаат најдобрите клиники кои вбризгуваат ботокс и наплаќаат пеглање од 500 до 5000 долари од третман во зависност од обемот. Некои процедури од неинвазивна естетика која е поскапа од ботокс, се прават во последните часови пред доделувањето и за тие процедури кои се чуваат како најстрога тајна на младоста цените се до 10.000 американски долари од третман.

 

Метал со сјај на злато
 Реалната вредност на прочуената статуетка е само 500 долари, затоа што внатрешноста е мешавина од калај, антимон и бакар, а 24 каратна е само позлатата.
Облечени за успех
Прашањето на црвениот тепих “Во што сте облечени вечерва?”  се поставува 10 пати повеќе од прашањето “Како се подготвувате за улогата?” И бидејќи најпоставуваното прашање му е смачено на гледачите, а непристојно е да се праша колку тоа што го носите чини, сајтоткој продава реплики од тоалетата на славните www.thecelebritydresses.com пишува дека оскаровските фустани се од 5.000 до 15.000 долари. Тоа би била цената доколку актерите плаќаат, но станува збор за Холивуд, па тоа не е случај. Но, затоа големите модни имиња, на тој начин добиваат бесценета реклама.
Само нека светка
Просечната цена на накитот кој го носат дамите на црвениот тепих е околу 750.000 долари од парче. Се разбира, тој е позајмен само за таа вечер, но кога ќе се собере вредноста на се’ што ќе засјаји на доделувањето, не би требало да не чуди тоа што обезбедувањето за Оскарите се подготвува месеци однапред.
Грејачи на седиштата
Дали некогаш сте виделе празно место во Кодак театарот? Никогаш. ТВ сликата не смее да биде со празни дупки во публиката. Но, реално ѕвездите одат во тоалет, се качуваат на сцената цели филмски екипи да примат Оскари, па излегуваат од зад сцена и им требаат до 30 мин да се вратат во салата на театарот и тоа во некои минути кога на ТВ одат реклами. Тогаш се случува и размената со т.н. грејачи на седиштата. Постојат строго избрани волонтери, најчесто машки, кои ги пополнуваат седиштата по потреба. И ако мислите дека за таа услуга им се плаќа, сте се излажале. Не само што не им се плаќа, туку мора да одвојат 100 долари за да изнајмат смокинг за таа вечер. Тоа се вика привилегија на “греење” на седиштето на елитата.
Влез за најважната журка
Венити Фер ја организира најпозната журка после Оскарите. И на неа не морате да бидете некој и нешто ни со име ни со изглед за да добиете споредно место. Треба само да имате подебел паричник и да подгответе 16.000 долари за двајца добивајќи влезница за самата журка, но не во ВИП делот.
Богатсво од реклами
Ако во 2009 година едно емитување на 30 секунден рекламен спот во преносот од Оскарите чинеше 1,3 милиони долари, таа иста работа оваа година ќе чини 2.6 милиони долари. Толку расте овој бизнис. Колку Кока коли треба да се продадат за да се плати нивната реклама на пример?
Фешн гуру
Нова професија која заработува 1.500 долари од ден. А на некои актерки им требаат и недели за избор што ќе се носи. Филип Блок е еден од најбараните стилисти а стана познат после појавувањето на Хали Бери во 2002 година со прочуениот фустан со боја на слива.
Зголемена заработка
Кој ќе освои Оскар може слободно да калкулира дека неговиот хонорар расте за минимум 20%, бидејќи дома веќе има златна статуетка.
Сподели!
- Advertisement -