Meta развива прототип на робот за домашни обврски

- Advertisement -

Како што пренесува The Information, со помош на кинеската компанија Fourier, Meta за само три месеци развила прототип на хуманоиден робот, наменет за помош при извршување на домашните работи. Роботот, кој го носи кодното име Max, тежи приближно 48 килограми и е висок околу 1,5 метри. Опремен е со екран на кој се прикажуваат изрази на лицето, вграден звучник и раце дизајнирани за земање ситни предмети, а го придвижуваат чипови од типот Jetson Thor на компанијата Nvidia.

Сè уште не е објавен датум за лансирање на верзија наменета за широка употреба, но според информациите, Meta уште од септември работи на втор прототип, наречен Max 2. Овој модел има редизајнирано торзо и раце, како и проектор и дополнителни сензори кои му помагаат полесно да се движи по скали.

- Advertisement -

Според Bloomberg, во февруари минатата година, во рамките на својот оддел Reality Labs, Meta формирала тим за развој на хардвер за хуманоидни роботи, со крајна цел тие да можат да извршуваат домашни работи. Понатаму, претходно оваа година, компанијата ја презеде стартап-фирмата Assured Robot Intelligence, која развива вештачка интелигенција за роботи.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pexels/Magda Ehlers)

- Advertisement -