Во Велика Британија ќе почне со работа најголемата фарма на ветер среде вода

- Advertisement -

Една од Глобалните цели на Обединетите нации е Целта 12, според која државите треба да се залагаат за подоговорна консумација и производство на енергија. Токму оттаму произлегуваат напорите на Велика Британија да пронајде начини за снабдување со енергија од ветрот за да се достигнат тие цели и да се отстрани екстремната сиромаштија.

Со таа цел наскоро во Велика Британија ќе почне со работа најголемата фарма на ветар во светот и ќе ја снабдува земјата со струја почнувајќи од оваа недела. Фармата се вика Hornsea One и се наоѓа во близина на брегот на Јоркшир. Фармата е толку голема што зафаќа речиси двапати поголема површина од моментално најголемата фарма на ветар – Walney Extension во Ирското Море.

- Advertisement -

Кога ќе биде комплетирана до крајот на годинава ќе покрива 407 квадратни километри, а ќе може да генерира доволно енергија за да напојува 1 милион домаќинства. Во меѓувреме 7-мегаватните турбини кои ќе се користат во првите две фази од проектот Hornsea се повисоки од зградата Геркин во Лондон. (180 метри).

„Можноста да се генерира енергија од ветрот среде море е многу битен чекор на глбоално ниво во време кога мора да се преземе нешто за да се спречат климатските промени“ велат од данската компанија Ørsted, која го гради проектот.

- Advertisement -

Притоа, ова е една од вкупно четири планирани станици во оваа област, од кои идните ќе бидат уште поголеми. Во последната фаза од проектот ќе се изградат уште повисоки турбини со капацитет од 10 и повеќе мегавати кои ќе бидат повисоки и од зградата Шард во Лондон (309 метри).

Според извршниот директор на Ørsted, Хенрик Поулсен, Велика Британија би можела да произведува доволно струја за цела Европа доколку изгради повеќе вакви фарми среде море. Планот на британската влада е до 2030 година со енергија од ветар да се задоволуваат барем една третина од потребите на земјата.

Сподели!
- Advertisement -