Десет медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на натпревари во Германија и Сингапур

- Advertisement -

 

Нов забележителен успех постигнаа вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на првите два годинешни престижни вински натпревари што се одржуваат во Европа и Азија. 

На годинешното пролетно оценување на вината во рамки на најголемиот вински натпревар во Германија и еден од најпрестижните во светот – „Мундус Вини“, златни медали освоија пет врвни вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“, и тоа: црвените вина „Бела Вода 2016“ и „Александрија Куве“ и „Вранец СС“ од бербата во 2017-та, како и белото „Барово“, берба 2018 и „Домен Лепово розе“ од бербата во 2018-та. На истиот натпревар сребрени медали освоија вината: „Барово“ (црвено), берба 2016, „Совињон бланк СС“ (бело), берба 2018 и „Домен Лепово Шардоне“ (бело), исто така од бербата во 2018-та.

- Advertisement -

Истовремено, на еден од најпрестижните и најголеми натпревари на азискиот континент, што се одржува во Сингапур, вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија два златни медали и тоа на своето прво учество на овој натпревар. Конкретно, златни медали освоија двете врвни црвени вина: „Барово“ од бербата 2016 и „Домен Лепово Гранд Куве“ од бербата во 2015-та.

„Исклучително сме задоволни што нашите врвни вина ја отворија новата оценувачка сезона освојувајќи забележителен број високи признанија на првите два престижни вински натпревари во светски рамки оваа година. Ова на најдобар начин ја потврдува конзистентноста на високиот квалитет на нашите вина, како и веќе освоениот статус на најнаградувана винарница од нашиот регион“, велат од „Тиквеш“.

- Advertisement -

Инаку, вината произведени во „Тиквеш“ и „Домен Лепово“, со години наназад, на најпознатите светски вински натпревари, освојуваат и по повеќе од 60 награди годишно. На тој начин ВВ „Тиквеш“ се издвојува како најтрофеен производител на вина од Југо-Источна Европа.

 

Сподели!
- Advertisement -