Дизелот во САД достигна историски рекорд од шест долари за галон

- Advertisement -

Цените на дизелот во Америка денеска за прв пат во историјата достигнаа рекордни шест долари за галон (околу 3.785 литри), додека прекините во снабдувањето со гориво предизвикани од војните во Украина и Иран ги зголемуваат транспортните трошоци низ целата економија.

Камионџиите и земјоделците плаќаат околу 63 отсто повеќе за да ги наполнат своите камиони и трактори во споредба со истиот период минатата година, а просечната цена низ целата земја сега е околу 6,06 долари за галон, пренесува Си-Ен-Ен.
Цените се уште повисоки во Калифорнија, најголемата земјоделска држава во САД, со 7,98 долари за галон.

- Advertisement -

Фјучерсите на американската сурова нафта во четвртокот за прв пат од мај надминаа 100 долари за барел, пренесува Танјуг.

Фото – Pixabay

- Advertisement -