Ова е првиот подводен бар за кислород. Clear Lounge ви нуди уникатно искуство. Посетителите на барот слегуваат во посебен резервоар со кациги на главите и кога ќе слезат долу можат да почнат да „пијат“ коктели од кислород.
Clear Lounge се наоѓа на пристаништето Пуерта Маѓа во Косумел, Мексико. Коктелите со кислород кои ги нуди се со различен мирис. Забавата во овој бар трање околу 30 минути и нема потреба да знаете да нуркате за да го посетите, но мора да имате најмалку 8 години возраст и да сте во одлична здравствена состојба.
Освен коктели, барот нуди и други интересни подводни активности како што се играње со домино коцки, пукање од пиштоли со воздух, работа на компјутер, танцување. Мотото на овој бар е „колку помокро толку подобро“ („It’s better where it’s wetter“).
Underwater oxygen bar lets you 'drink' oxygen cocktails
This cocktail bar shows you that life is better under the sea 🌊🍸
Posted by In The Know Innovation on Среда, 20 февруари 2019