3.3 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2020

Научниците измислија соларен панел кој произведува водород

Научници во Белгија направија соларен панел кој произведува водород кој може да се користи како гориво за загревање на домовите. Со помош на влагата од атмосферата соларниот панел ја претвора сончевата светлина во водород и произведува 250 литри гас дневно.

Тимот научници од Белгија го развиваше соларниот панел изминатите десет години. Кога почнале да работат на панелот можеле да направат само мали количини водород, но сега меурчињата гас се видливи уште од моментот кога ќе се стави панелот на сонце.

„Ова е уникатна комбинација на физика и хемија. Во текот на една цела година панелот произведува просечно 250 литри на ден, што е светски рекорд“, велат тие. Според CleanTechnica, се проценува дека 20 соларни панели можат да произведат доволно енергија и струја за да се загрева еден дом цела година и да остане енергија која може да се складира за наредната година.

Тимот се уште нема готови панели за комерцијална употреба, но се подготвуваат да ги тестираат во домови во Фландрија. Доколку тестовите се покажат успешни, истражувачите планираат да ги прошират тестирањата на цело соседство.

Бидејќи водородот е лесно запаллив гас, може да биде опасен ако не се користи коретно. Иако јавноста пројавува загриженост поради употребата на водородот како извор на греење, научниците од Белгија велат дека не е поопасен за употреба отколку природниот гас. Водородот кој го произведуваат соларните панели се складира во резервоар кој се инсталира во близина на домот.

Иако технологијата има голем потенцијал и произвдува нула емисија на гасови, цената на соларните панели, резервоарот и печката, плус инсталацијата не е позната. Сепак, научниците велат дека иако трошоците се високи, сопствениците на домови ќе го исплатат системот со тек на време, особено ако повеќе не користат градска електрична мрежа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •