21 C
Skopje
сабота, август 15, 2020

Само лошите лидери очекуваат од нините вработени постојано да работат

UAKS desktop

Денес се се смени и сега живееме во свет во кој се ценат идеите, иновациите и решенијата. Додека индустриската револуција не научи да ги мериме саатите поминати во работа, успехот и ефективноста денес бараат нешто друго, а тоа е размислување.

Во денешниот свет повеќе не се цени толку колку сте зафатени со работа и лку време работите, туку вашето размислување е она што се гледа. Вие сте тие кои мора да го изнесете своето мислење, план, предлог или што било друго. Оттука, таа ваша зафатеност можеби и пречи на тимската или на личната работа? Ова се четири прашања кои можете да си ги поставите.

Верувате ли дека колку повеќе работите толку сте попродуктивни?

Додека вашиот шеф сигурно сака да види дека вложувате труд во секој проект, тој сака да види и резултати. Додавањето задачи на списокот со обврски, поставувањето поголеми цели отколку што може да се постигнат иако изгледа импресивно, потребно е да застанете и да анализирате дали вашиот труд е насочен кон вистински активности кои се клучни за остварување резултати.

Дали вашата зафатеност може да ви пречи во нешто друго? 

Некои луѓе имаат потреба да бидат прекумерно зафатени и тоа е ОК. Но, исто така е битно да разбереме дека исклучувањето на сите други аспекти од животот освен работата не значи дека добро си ја вршиме работата. Многуте обврски на некои луѓе им служат само за да го прикријат чувството дека нивните идеи не се вредни и интересни, па преземањето премногу задачи на свој грб за нив е само изговор да го избегнат својот живот надвор од работата.

Можете ли да го измерите резултатот на целата работа што ја вршите? 

Иако можеби се чувствувате добро кога сте зафатени со работа, запрашајте се дали вашата работа создава мерливи вредности за работата. Мора да го изметите ефектот на вашите активности на работа ако сакате да знаете дали работите доволно добро..

Го запоставувате ли најбитниот аспект на вашиот труд?

Овде е битни да водите сметка за списокот со обврски и да внимавате да не пропиштите некоја од најбитните задачи кои треба да ги завршите. Дали сте ја довеле во опасност сопствената безбедност? Дали сте ги изгубиле од вид сопствените цели или целите на компанијата? Даи сте ја загрозиле сопствената добросостојба? Ова се битни аспекти кои може да влијаат на вашиот успех во иднина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •