12 C
Skopje
вторник, април 13, 2021

ВИДЕО: Овој мултифункционален дуксер е направен од рециклирано кафе и пластични шишиња

Kabtel desktop

Ова е Evolution Hoodie, дуксер направен од рециклирани зрна кафе. Дуксерот е удобен, може да се носи во разни пригоди и е функционален со 20 карактеристики што го прават посебен, но и погоден за користење секој ден.

На пример, рабовите каде што се зашиени парчињата материјал еден за друг се засилени, има дупчиња за палците, врвците на капата не може да се извадат, голем кенгур-џеб на предниот дел со патент итн. Освен тоа, кога ќе се преврти наопаку, дуксерот се претвора во торба и се пакува самиот во себе, па може да се користи како удобна перница.

Тежи помалку од половина килограм, па лесно можете да го носите со себе секаде. Материјалот впива влага, но се суши експресно брзо, а најбитна карактеристика е тоа што е отпорен на флеки, па никогаш не можете да го извалкате. Освен тоа, и да го носите подолго време, на пример кога кампувате, нема да дозволи создавање непријатен мирис. Истовремено, додека сте изложени на посилно сонце, ќе ве заштити од УВ зрачењето.

Материјалот е направен од зрна кафе, кои се сомлени до микроскопски честички и потоа се комбинирани со пластика од рециклирани шишиња.

Evolution Hoodie

Hoodie made from recycled coffee grounds and plastic bottles. More info: http://bit.ly/2X5nwOd

Posted by Startup Selfie on Среда, 10 април 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •