22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Немате бизнис идеја? Еве три начини да се инспирирате!

Kabtel desktop

Има многу начини да се почне сопствен бизнис, но се почнува со идеја. Поминете пет минути секој ден размислувајќи за својата бизнис идеја. 

Многу често можете да слушнете дека некој сака да почне свој бизнис, но не знае што. Некои луѓе ја чекаат совршената идеја, додека други имаат блокада на мислите и не може да им текне како да направат пари. Кога размислувате да започнете бизнис, избришете се што претходно сте слушнале за водење бизнис и направете ги овие три вежби за да ви помогнат во добивањето бизнис идеја.

1. Размислете во кои области може да дадете дополнителна вредност

Седнете и размислете кои вештини ги поседувате. Дури и ако моментално работите компанија, размислете каде, во кој сегмент давате најголем придонес со својата работа. Кога размислувате за бизнис идеја, размислете каде можете да понудите нова вредност со тоа што го работите сега. За да почнете, седнете и направете листа со 10 ваши вештини. Инспирацијата може да ви дојде додека се потсетувате колку многу ве бидува за некои работи.

2. Направете нешто за себе или за пријател

Можеби сакате да правите интересни и смешни подароци за своите пријатели. Можеби другите ве прашуваат каде може да се купи тоа. Ако е така, веќе имате една вештина која можете да ја претворите во бизнис идеја. Кога некој прашува каков бизнис да почне, советувајте ги најпрвин да направат нешто са себе или за пријател. Така нема да чувствуваат притисок дека мора да направат совршен производ.

Побарајте мислење од семејството и приајтелите дали им се допаѓа тоа што сте го направиле? Ако им се допаѓа, прашајте ги колку би платиле за нешто такво во продавница? За почеток, помислете на некој пријател или член на семејството и почнете да им правите подарок.

3. Размислете кој проблем би можеле да го решите

Друг одличен начин да почнете свој бизнис е да размислете за некој проблем од секојдневниот живот кој би можеле да го решите. Потоа размислете кое решение би ставило крај на тој проблем. Ако ви се блокирал мозокот и не му текнува ниедна идеја, испрашајте ги пријателите каккви проблеми имаат.

Понатаму, размислете како можете да го решите конкрњтниот проблем. Ако најдете решение, уште веднаш можете да имате повратна информација од пријатели и дали би платиле за тоа решение.

Има многу начини да се почне сопствен бизнис, но се почнува со идеја. Поминете пет минути секој ден размислувајќи за својата бизнис идеја.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •