18.8 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Научници открија дека болните од Паркинсонова болест имаат уникатен мирис

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Хипократ, Авицена и друти антички лекари често го користеле мирисот како дијагностичка алатка. Иако мирисот не се користи често во модерната медицина, се уште наоѓа свое место. Болничарите честопати се обучуваат да го забележуваа речиси овошниот мирис кај дијабетичари кои кои нагло им се покачил крвниот шеќер, а гасронетеролозите да го детектираат мирисот на крв во дигестивниот систем. Но, досега имаше малку докази за посебен мирис кој го имаат болните од неуредегенеративни пореметувања. Се досега. Сега има докази за посебен мирис кај пациентите од Паркинсонова болест.

Паркинсоновата болест предизвикува тресење на телото, деменција и го отежнува функционирањето на луѓето, но може и да им го скрати животот. Не може да се стопира или да се забави темпото со кое се појавуваат и се развиваат симптомите на Паркинсоновата болест, но најопасните ефекти на болеста може да се контролираат со лекарства. Како и кај многу други болести, колку порано се интервенира, толку подобро. Сепак, тука се крие еден од најголемите предизвици – нема тестови кои можат да дијагностицираат Паркинсонова болест. Најдоброто што можат да го направат невролозите е да ги изучат симптомите и да теоретизираат дали некој ја има болеста или не. Токму затоа се бара подобар начин за дијагностицирање и испаѓа дека најдобриот метод е нашето сетило за мирис.

Џој Милне, пензионирана медицинска сестра од Перт, Шкотска, има неверојатен осет за мирис. Таа има состојба позната како хиперосмија, односно способност да детектира мириси кои повеќето луѓе не ги забележуваат. Во 1974 година таа почнала да забележува посебен мирис во својот дом се додека во 1986 година на нејзиниот сопруг не му била дијагностицирана Паркинсонова болест. Тој со таа болест живеел повеќе години и додека успевал да ги контролира симптомите со лекарства, морал да се пензионира. Но, додека оделе по состаноци во групи за поддршка на болните од оваа болест Џој забележала нешто неверојатно. Секој со таа болест имал посебен мирис кој го забележала во својот дом уште во 1974 година. Веднаш потоа почнала да соработува со истражувачи.

На Џој и давале облека од повеќе луѓе и откриле дека може да го идентификува мирисот кој бил концентриран на горната половина од грбот. Од сите луѓе кои биле на тестирања за можна појава на болеста, таа кај еден кој се уште не бил дијагностициран го забележала истиот мирис како кај својот сопруг. Девет месеци подоцна на таа личност и била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Токму затоа Пердита Баран од Универзитетот Манчестер решила да открие каков е тој мирис на пациентите со Паркинсонова болест. Претходно било познато дека тие пациенти произведуваат повеќе восочна супстанција себум на кожата отколку другите луѓе. Д-р Баран мисли дека некоја супстанција во себумот кај тие паценти е причина за специфичниот мирис.

Затоа тие спровеле експеримент. Го анализирале седумот на 43 пациенти со Паркинсонова болест и на 21 здрави луѓе. Џој детектирала кај кој себум има специфичен мирис, а кај кој не. Било откриено дека кај пациентите имало поголема количина перилски аделхид, хипурична киселина, еикосан и октадеканал. Џој потврдила дека тие супстанции се причина за специфичниот мирис.

Експериментот на д-р Баран е првиот кој откри дека овие состојки можат да откријат дали некој ќе заболи одПаркинсонова болест или не.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •