15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Дрон успешно достави бубрег за трансплантација

Kabtel desktop

Многу компании веќе тестираат достава на производи со помош на дронови, а Google, односно нивната компанија Wing неодамна дури доби дозвола за тестирање на комерцијален сервис за достава со помош на беспилотни летала, што е голем чекор кон иднината во која храната и пијалаците ќе ни ги доставуваат дронови. Сепак, потенцијалот на дроновите е многу поголем и во иднина ќе можат да спасуваат животи со својата достава.

Во некои делови од светот како Гана дроновите се користат за достава на лекови, а неодамна во САД беше направен мал, но битен чекор кон иднината во која беспилотните летала брзо и успешно ќе доставуваат органи за пресадување. На средината на минатиот месец дрон кој полетал од болница во Балтимор успешно доставил бубрег за пресадување на Универзитетскиот медицински центар Мериленд, оддалечен околу 5 км од болницата. Доставата била брза и без проблеми, по што успешно била направена и трансплантацијата, а 44-годишната пациентка одлично закрепнала.

Дронот кој се користел за доставата имал 8 ротори за да има поголема стабилност, а била употребена и посебна кутија за транспорт за да се обезбедат најдобрите услови за органот во текот на краткиот лет.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!