4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Докторите во Велс препишуваат бесплатно возење велосипед

Kabtel desktop

Може ли возењето велосипед да ви помогне за подобро здравје? Неконвенционална иницијатива за подобро здравје неодамна беше лансирана во главниот град на Велс. Како што најави Велшката национална здравствена служба, докторите кои работат во две болници во Кардиф сега можат да препишат шест месеци бесплатно возење велосипеди од некоја од службите за споделен превоз. Пилот-програмата има за цел не само да го подобри кардиоваскуларното здравје на луѓето, туку да го подобри и менталното здравје. Ако се покаже успешна, оваа програма веројатно ќе се прошири на други болници во градот, а можеби и во целата земја.

Како што велат тамошните доктори, истражувањата покажуваат дека редовното возење велосипед може да го намали ризикот од смрт поради срцеви заболувања за 52%. Истовремено, возењето велосипед е одлична физичка активност за да се движиме низ градот без да ја загадуваме околината.

Според планот на Кардиф, докторите од болниците Лендсдаун сурџери и Фервотер на пациентите има даваат кодови за бесплатен пристап до 30-минутно возење велосипед секој ден. Тие 30 минути возење може да чинат околу 13 долари дневно ако не сте претплатени на сервисот за споделен превоз. Вообичаено  ваквите услуги чинат по 1,3 долари за првиот половина час и по 1,3 долари за секој нареден половина час, додека претплатниците на услугите плаќаат по 6.5 до 13 долари месечно.

Иако на многу други места се покренуваат слични иницијативи, оваа е првата во Обединетото Кралство. Ваквиот начин на терапирање е познат како „социјални рецепти“ и е концепт за искористување на терапевтската моќ на уметноста, хобијата или физичката активност. На овој начин може да се терапираат заболувања од деменција до психоза, болести на белите дробови и други ментални заболувања.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •