6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Европската унија целосно ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба од 2021 година

Kabtel desktop

Европскиот совет ја одобри забраната за употреба на пластика за еднократна употреба од 2021 година. Советот се согласи да се забрани употребата на пластични чинии, сламки, пластични стапчиња за мешање кафе, пластичен прибор за јадење, пластични стапчиња за балони и пластичните стапчиња за чепкалките за уши во текот на наредните две години. Оваа директива беше предложена од страна на Европската комисија пред една година после појавата на документарци како што е „Blue Planet II“, кои ја подигнаа свеста за штетата која и ја нанесуваме на планетата Земја и на морињата и океаните.

Ќе биде забранета и употребата на производи направени од оксоразградлива пластика кои се разложуваат на микропластика, како и садовите за брза храна, чашите направени од стиропор. Пласичните шишиња, пак, кои се продаваат во ЕУ ќе мора да бидат направени од најмалку 25% рециклирана пластика.

Според новите правила за пластика за еднократна употреба, различни мерки ќе бидат применети за различни производи и со тоа Европа ќе застане на чело на борбата против пластичниот отпад во океаните. Целосно ќе биде забранета употребата на пластични производи за кои лесно може да се најде евтина алтернатива, а за другите производи ќе се лимитира употребата преку национална редукција на консумацијата.

Легислативата за пластика за еднократна употреба ќе ја спаси планетата Земја од 70% од пластичниот отпад кој завршува во океаните и ќе се намали штетата која инаку би не чинела 22 милијарди евра до 2030 година. Директивата ќе стапи на сила за 20 дена, а државите-членки на ЕУ ќе имаат две години за да ја инкорпорираат во националните закони. Оваа директива е најбитен елемент од акциониот план за циркуларна економија на Европската комисија и е дел од стратегијата на ЕУ  за менаџирање со пластика.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •