33 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Будва ќе ги казнува туристите кои се однесуваат непримерно со казни до 700 евра

Kabtel desktop

Општината Будва подготвува нови комунални правила за своите сограѓани, но и за сите гости. Секој што ќе јаде и пие на јавна површина ќе плати дури 700 евра. Нацртот и идејата се по примерот на Хвар.

Туристите во Црна Гора годинава може скапо да го платат летувањето доколку не се придржуваат до најавените правила.

Црногорците  планираат да воведат и казни за шетање во костим за капење без маица во износ од 500 евра. Црна Гора планира по примерот на Хрватска, особено Дубровник, Хвар и Сплит да ги доведе во ред сите кои се однесуваат непримерно.

Засега оваа одлука и понатаму е на ниво на план, а во конечната одлука ќе учествуваат и оние кои се најзасегнати од тоа – граѓаните на Будва.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •