Горан Стојановски: уникатното ИТ решение на Elevate Global на фирмите им штеди пари и време!

- Advertisement -

Македонската компанијата Elevate Global, која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, беше селектирана помеѓу 30-те најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа. Соосновачи се Горан Стојановски, поранешен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Ѓорѓи Маџаров, професор на ФИНКИ.  Интервју со Горан Стојановски

Разговараше – Сања Наумовска

Македонската компанијата Elevate Global, која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, беше селектирана помеѓу 30-те најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа кои ќе се презентираат на South East Europe Tech Tour 2019. Elevate Global влезе во друштвото на овие 30 компании, селектирани врз основа на нивната иновативна примена на технологии, силен бизнис модел, менаџерски тим и докажани капацитети за извршување, во силна конкуренција на преку 150 компании кои се најдоа во фазата на предселекција.

- Advertisement -

Elevate Global е млада компанија, која постои од 2017 година, а соосновачи се Горан Стојановски,  поранешен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Ѓорѓи Маџаров, професор на ФИНКИ. Во моментов, Elevate Global е дел од Акцелераторската прорама на Бизнис Акцелераторот УКИМ каде го усовршуваат планот за развој на компанијата на европскиот и светскиот пазар.

Решенијата на Elevate Global во областа на data science, вештачка интелигенција и машинско учење им помагаат на компаниите да ја унапредат својата работа и да ги оптимизираат своите ресурси – така што самото користење на решенијата кои ги нудат, се исплаќа од финансиските резултати од реализираните бенефити. Досега услугите на Elevate Global ги користеле повеќе домашни и интернационални компании во областа на енергетиката, телекомуникациите, производствените капацитети, тешките индустрии итн. За развојот на оваа млада и перспективна компанија, како и за нивните планови за иднина, разговараме со Горан Стојановски, соосновач и главен извршен директор на Elevate Global.

- Advertisement -

 

Г-дин Стојановски, неодамна вашата компанија беше сместена во друштвото на 30 најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Elevate Global?

- Advertisement -

Elevate Global е компанија фокусирана на предиктивно моделирање и вештачка интелигенција во специфични индустрии, надвор од ИТ индустријата, како што се енергетскиот сектор, фабриките и големите производствени системи, каде што овие технологии се` уште не се масовно искористени, а за тоа има огромен потенцијал. Тимот на Elevate Global се состои од 11 луѓе, со кои што во изминатиот период заедно го развиваме софтверското решение за анализа на големи податоци ASAP. Во рамки на ова решение спаѓаат и двата активни производи кои Elevate Global ги нуди на пазарот. Првиот, BAT е готов и е подготвен за продажба, а до крајот на летото и вториот производ – INIT ќе може да се инсталира кај клиентите.

Може ли подетално да ни објасните за платформата и за производите кои Elevate Global ги развива?

Целта на секој од овие производи е да направи што подобри предвидувања за одреден систем, што за клиентите ќе значи поголема заштеда на време, на ресурси или на финансиски средства. Алгоритмите кои што ги користиме зависат од типот, големината и брзината со која доаѓаат податоците во системот и во зависност од тие факти така се поделени и нашите производи. Првиот производ, BAT, кој што веќе е инсталиран кај нашите партнери ЕВН Македонија и Искра-тел во Словенија е наменет за процесирање на големи податоци, кои што не доаѓаат со голема фреквенција, на пример во период од една минута или поретко и тој се базира на градење историски модели. Тој ги анализира сите историски податоци и врз основа на тоа што се случило вчера предвидува што може да се случи утре. На пример, во енергетскиот сектор тоа би значело, врз основа на потрошувачката на електрична енергија да се предвидува потенцијалната потреба од енергија за следниот ден или за некој подолг период.

Од друга страна, постојат и индустрии во кои се процесираат многу голем број податоци и фрекфенцијата на тие податоци е многу поголема, како на пример во телекомуникацискиот сектор. Во тој случај ја немаме можноста да градиме модел на база на сите историски податоци, туку мора да се фокусираме на тоа што се случува во моментот.  За таа намена се користи специјализирано решение за процесирање на потоци од податоци- stream data analytics. За обработка на вакви системи ние го равиваме производот INIT, со кој кај крајниот корисник: Т-системи од Германија процесираме околу 150.000 протоколски пораки во секунда од телекомуникациски оператор. Количината на податоци бара брзи реакции и фокусирање на тоа што се случува во моментот, а нашето специјализирано решение за процесирање на потоци од податоци на клиентите им овозможува во реално време да сфатат дали, на пример, дел од нивната мрежа има проблем, дали е лошо конфигурирана и им дава можност да реагираат брзо за да го надминат проблемот.

BAT и INIT се производите кои се базирани на решението АSAP, што всушност е систем кој што овозможува градење на предиктивни модели во реално време. Нашиот план во иднина е над АSAP да развиваме уште нови производи.

Elevate Global постои релативно кратко време, а веќе успеавте да влезете во триесетте најиновативни компании на ЈИЕ. Во што е тајната?

Икрено верувам дека нашата најголемата предност е што работиме технологија која ќе биде стандард по пет години. Многу малку компании во Европа и САД работат во оваа област. Процесирањето податоци во реално време е нов тренд, бидејќи дури сега се овозможени архитектурите кои го поддржуваат тоа, и дури сега се градат алгоритмите кои ќе се фокусираат само на протокот на податоци наместо на историската анализа. Постојат компании во Европа кои работат доста успешно на полето на градење на модели врз основа на историска анализа, но нашата најголема разлика, во однос на конкурентските компании, не само во регионот, туку и пошироко, е што сме едни од ретките кои се фокусираат на процесирање податоците во реално време.

Во кои индустрии вашите продукти можат да најдат примена?

Аналитиката на потоци на податоци е популарна во сите индустрии каде што има многу голем проток на информации, но конретно за нас сите тие не се таргет. Нашата експертиза е повеќе насочена кон тешката индустрија и тоа ја прави нашата компанија интересна. Ние користиме вештачка интелигенција и алгоритми кои ги користат Google, Amazon и Uber и ја применуваме во некоја индустрија која традиционално не користи state of the art ИТ алгоритми, како што се енергетската индустрија, производствените капацитети, транспортот…..

Има ли едуцирани кадри кај нас кои ќе можат да се вклопат во тимот и да ги поддржат вашите планови за иднина?

Македонија е позната по квалитетен ИТ кадар. Нашата мала предност е што со Ѓорѓи сме директно инволвирани во создавањето на тој кадар. Тоа ни овозможи да формираме програма за доедукација на дипломрани инжинери, a првите пет студенти веќе го завршуваат нашиот курс од три месеци. Работиме на развивање на нивните вештини со специфична методологија и тоа засега многу добро функционира и планираме да продолжиме и понатаму. Сите студенти што беа дел од првиот курс добија понуда за продолжувње на соработката. На нашите млади треба да им се даде до знаење дека и во земјава имаат шанса да работат на најнови технологии, да добијат компетитивни плати и во исто време да промовираат иновативни производи кои тука ги создаваме.

Во однос на локалната индустрија, позитивно сме изнанадени од приемот кој го имаме, компаниите се многу заинтересирани за нови и иновативни решенија и сакаат да видат кој е нивниот бенефит од инсталирањето на ваков систем. Она што најмногу ги привлекува кај нашите производи е можноста однапред да знаат што може да се случи, на пример во процесот на производство, во одреден временски период. Во било која индустрија тоа е апсолутен бенефит и компаниите тоа многу добро го знаат, но треба да помине уште време за да стекнат и доверба во алгоритмите кои овозможуваат целиот тој процес да биде автоматизиран.

Сподели!
- Advertisement -