WB GEFF програмaта на ЕБОР – Позитивно влијание преку чист воздух во земјите од Западен Балкан

- Advertisement -

Светскиот ден на животната средина е идеална можност уште еднаш да се истакне колку е важна борбата против климатските промени, но исто така и да се истакнат некои успешни примери. Инструментите на ЕБОР за финансирање во областа на зелената економија во Западен Балкан (WB GEFF) имаат за цел заштита на животната средина преку обезбедување на подобар и поефикасен начин на користење на енергијата. Досега се потврдени инвестиции во вредност од 8 милиони евра преку поединечни проекти во станбениот сектор во земјите од Западен Балкан, што придонесе за заштеда на енергија од приближно 7 милиони kWh и намалување на емисиите од околу 2,5 милиони kg CO2 нa годишно ниво.

Тема на овогодинешниот Ден за заштита на животната средина е загадувањето на воздухот. WB GEFF програмата навистина постигна значајни резултати во оваа област: постигнатата заштеда на енергија е еднаква на количината на енергија за греење потрошена во приближно 500 домаќинства или еквивалент на околу 1.600 автомобили отстранети од улиците, секоја година.

- Advertisement -

Деведесет и два проценти од светското население не дише чист воздух, а загадувањето на воздухот е особено значаен проблем во земјите на Западен Балкан. Светскиот ден на животната средина 2019 година ги охрабрува фирмите, заедниците и поединците заеднички да ги истражат можностите за обновливи извори на енергија и зелени технологии коишто можат да го подобрат квалитетот на воздухот на регионално како и на глобално ниво.

Активностите на ЕБОР подразбираат ангажирање на локалните заедници. Преку локалните партнерски финансиски институции, програмата обезбедува фондови за инвестиции во високо енергетски ефикасни технологии во секторот за домување, со обезбеден грант од Европската унија до 20% од висината на кредитот или инвестицијата во прифатливи технологии. Грантовите се достапни само откако клиентот ќе ја избере технологијата од Селекторот на технологија, ќе ја купи и инсталира технологијата и откако консултантот на ЕБОР ќе ја потврди реализираната инвестиција.

- Advertisement -

Секое домаќинство може да придонесе за поефикасна потрошувачка на енергија. За возврат, оваа програма на ЕБОР помага да се намали нивото на загадување на воздухот. Со користење на енергетски ефикасни решенија, како што се модерни прозорци и надворешни врати, системи за греење/ладење и системи за термичка изолација на станбените објекти, домаќинствата можат значително да допринесат во намалување на загадувањето врз животната средина и во исто време да заштедат пари.

Иакo WB GEFF програмата постои само околу две години, таа веќе достигна речиси 1.460 семејства во земјите на Западен Балкан, потврдувајќи ја силната потреба за зелено кредитирање.

- Advertisement -

Во своите напори да ги направи информациите за технологиите за енергетска ефикасност достапни за сите сопственици на станбени објекти, во рамките на програмата успешно се користи иновативниот и лесен за употреба Селекторот на технологија на ЕБОР. Оваа онлајн платформа вклучува листа од преку 18.000 енергетски ефикасни производи во 11 категории, претходно одобрени за финансирање, коишто се наоѓаат во понудите на повеќе од 4.500 добавувачи низ целиот Западен Балкан и која платформа се надградува секој месец.

WB GEFF е првата програма за енергетска ефикасност посветена на домаќинствата во Западен Балкан која ја спроведува ЕБОР. Генерираните позитивни резултати се важна пресвртница којашто ќе се одбележи во текот на Светскиот ден на животната средина.

Оваа програма е реализирана благодарение на поддршката на Европската унија (ЕУ), Австриското сојузно министерство за финансии (BMF) и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во соработка со Секретаријатот на енергетската заедница (ECS).

Сподели!
- Advertisement -