Лабораторија за вештачка интелигенција создава лажни видеа од само една слика

- Advertisement -
Брендовите и агенциите се’ почесто ја искористуваат deepfake технологијата. Претходно годинава, Музејот на Салвадор Дали во Флорида со помош на Goodby, Silverstein & Partners успеа да создаде deepfake верзија на уметникот со која посетителите можеа да прават селфи. R/GA и стартапот Synthesiaнаправија видео на кое можеше да се види фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам како зборува на девет различни јазици во кампања против маларијата.

Сега, deepfake технологијата достигна ниво на кое е доволна само една профилна слика од Фејсбук за некој буквално да Ви стави зборови во уста.

 

- Advertisement -

Истражувачите од руската лабораторија за вештачка интелигенција на Samsung објавија труд во кој ја објаснуваат техниката за создавање на скоро реалистично видео од само една портретна фотографија. Способноста да се направи видео од фотографија не е нова, но претходните методи се базираа на тоа компјутерите да имаат поголема датотека на фотографии од субјектот.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето сепак не се совршени. Лажната снимка со Мерлин Монро не успева континуирано да ја задржи нејзината карактеристична бемка, а на моменти се јавуваат и одредени изобличувања при движењата кои ги прави лицето. И покрај тоа, снимката е доволно реалистична за да „прелаже“ гледач кој не посветува доволно внимание, а може да се очекува дека со текот на времето и напредокот на технологијата недотатоците ќе бидат надминати.

 

- Advertisement -

Иако оваа технологијата може да биде корисна во области како дизајнот, експертите се загрижени за потенцијалното ширење на дезинформации кое може да го предизвика технологијата, со што разликувањето помеѓу реалноста и фикцијата би станало скоро невозможно во иднина. Досега, потребни беа многу слики од субјектот со цел да се создаде вакво видео, па така потенцијалните цели можеа да бидат само јавни личности кои се често фотографирани во медиумите. Отсега, цел може да биде секој.

(Извор- Маркетинг 365)

Сподели!
- Advertisement -