18.8 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Оваа алка со помош на електрични шокови ќе ве излечи од сите штетни навики

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

На Amazon од неодамна можете да набавите електрична алка која ќе ве стресе со електрични шокови доколку јадете премногу брза храна и на тој начин ќе се обиде да ве излечи од вашите штетни навики. Алката ќе ве стресе со шокови од 350 волти ако претерате со лошите навики како пушење, претерано спиење или јадење брза храна.

Алката Pavlok е поврзана со апликација за телефон, така што можете да изберете од која лоша навика сакате да се оттарасите, а апликацијата ќе се погрижи за се останато. Апликацијата може да се инсталира и на мобилните телефони на членови од семејството и на телефоните на пријателите, па така и тие ќе можат да следат колку се придржувате до правилата.

За само 240 долари можете да ја добиете алката која е дизајнирана да препознае кога одите да јадете торта која не треба да ја изедете или кога планирате да изедете една чинија плус од некое јадење. Максималниот број на електрични шокови дневно е 150.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •