23 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Грчки иноватор направи картон од семиња кои потоа можете да ги посадите

Kabtel desktop

Како што светот се тетерави на работи на задушување со пластични предмети за еднократна употреба, некои дизајнери изнаоѓаат генијални начини за намалување на отпадот кој го создаваме. Еден таков пример е грчкиот дизајнер Џорџ Боснас, кој го изуми картонот Biopack, компактна амбалажа за јајца направена од пулпа од хартија, брашно, скроб и биолошки семиња од зеленчук. Наместо да го фрлате картонот кога повеќе нема да ви треба, можете да го посадите и да израснете зеленчук.

Според Боснас, инспирацијата за Biopack му дошла кога видел колку е комплицирано рециклирањето. Иако градовите и луѓето од целиот свет се обидуваат да ги искористат бенефитите од рециклирањето, самиот процес е многу сложен, скап и вообичаено, не е толку еколошки колку што мислиме.

Највистинската и најеколошката форма на рециклирање е да се земе еден производ за еднократна употреба и на природен начин да се претвори во нешто што е еколошки корисно за животната средина. Biopack е едноставна амбалажа за четири јајца направена од пулпа од хартија, брашно, скроб и семиња и е доволно цврста за да ги заштити јајцата од кршење. 

Кога повеќе нема да ви треба, наместо да ја фрлите или да ја рециклирате, целата картонска амбалажа можете да ја посадите во земја. Со малку наводнување картонот самиот ќе се разложи на природен начин и ќе им овозможи на семињата да проникнат и да израснат во зелени растенија. Тој процес трае околу 30 дена.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •