ВИДЕО: На Антартикот е откриено езеро од лава

- Advertisement -

Научници од колеџ во Лондон и Британската антарктичка асоцијација со помош на сателит откриле „езеро од лава“ на Саундер – остров што се наоѓа на крајниот исток на Антарктикот

Езерото е едно од осумте од ојот вид што досега се откриени на Земјата. Се претпоставува дека температурата на лавата тука е меѓу 989 и 1.279 Целзиусови степени.
Според стручните лица, островот и вулканската планина на него се многу тешко достапни, па без сателитски снимки со висока резолуција, е скоро невозможно да се дознае нешто повеќе за овој природен феномен.

Еден од следните планови вклучува и прелет со авион или дрон над вулканот, за да може да се сними езерото. Тој потфат ќе биде сложен и, за да се реализира, веројатно ќе минат години.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -