4.7 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Овие градови ги убива туризмот (2 дел)

Kabtel desktop

Минатата година по прв пат во речникот на англиски јазик Oksford влезе зборот „overtourism“, што би можело да се преведе како турботуризам. Тој збор означува туризам поради кој бројот на гости е толку голем што ја уништува животната средина, но и економијата, инфраструктурата, социјалното ткиво на градовите и местата.

 

Бали, Индонезија

Овој остров има исто жители колку Хрватска, но има десет пати помала површина. Покрај тоа, изминатата година островот го посетиле 6,5 милиони туристи, што е раст од 10%. Уште во 2020 година Бали ја надмина зацртаната цел од 2,3 милиони туристи и оттогаш само зе зголемува штетата. Властите на островот-провинција уште не се свесни дека туризмот за нив станува ужасно штетен. Затоа се споменува само такса од 10 долари по турист, но не и отстранување на отпадот кој го прават туристите.

Таџ Махал, Индија

Овде е друга ситуацијата и тамошните власти сфатиле дека се наоѓаат во ситуација да се биде или да не се биде. Седумте милиони посетители годишно доведоа до тоа властите на Индијците да почнат да им наплаќаат влезница од 250 рупии (3,63 долари) наместо досегашните 50 рупии (0,73 долари), што е премногу скапо за нив. На странците, пак, им се наплаќаат 1.100 рупии (15,98 долари), плус 20 рупии (0,29 долари) екстра за посета на мавзолејот.

Санторини, Грција

Во 2012 година овој остров го посетиле 3,3 милиони туристи, а во 2017 година дури 5,5 милиони туристи. Островот со површина од само 90 квадратни километри и 15.500 жители туристите не го опседнуваа порано толку многу што е место на катаклизмичка ерупција на вулкан околу 1600 година колку поради филмот „Мама Миа“ од 2008 година. Овде денес крузерите влегуваат во заливот и го загадуваат. Експлозијата на туризмот доведе до тоа Европскиот парламент да расправа за Санторини, односно за ограничување на патниците со крузери на 8.000 дневно.

Единбург, Шкотска

Во Единбург е најлошо во август, кога туристите навалуваат во градот поради тамошните фестивали. Градското собрание воведе посебни даноци за изнајмување, а со собраните пари ќе се финансира санирањето на последиците од 4 милиони туристи годишно. На многу од жителите им е преку глава од се. Се организираат во ненасилни акции за да ја одбранат цената на становите за локалните жители. Тие велат дека цените постојано растат токму поради туристите кои изнајмуваат станови.

Рим, Италија

Во Рим е забрането точење алкохол од 2 часот по полноќ до 7 часот наутро. Ако на улица пиете алкохол после 22 часот, ви следува брутална казна. Организирањето забави во кафулињата и клубовите во Рим е прекршок кој може да му го уништи бизнисот на сопственикот на кафулето.

Барселона, Шпанија

Овој град е илустрација на тоа колку туризмот прави штета на квалитетот на животот на граѓаните. Таа штета потоа ја плаќаат токму жителите на Барселона од буџетот на градот, додека заработката оди за приватните компании. Барселона во 1990 година имала 115.000 туристи, додека во 2017 година имале 8,9 милиони туристи, од кои дури 2,7 милиони пристигнале со крузери. Таа година тамошната туристичка заедница од даноци добила 4,5 милиони евра, а трошоците за подобрување на градската инфраструктура и промовирање на културата изнесувале повеќе од дупло – 9,6 милиони евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •