Автобуските постојки во овој холандски град сега се постојки и за пчелите. Холандскиот град Утрехт постави зелени покриви на сите свои 316 автобуски постојки. Тие покриви посадени со цвеќиња и трева придонесуваат за биодиверзитетот во градот и им помагаат на инсектите како пчелите.
Зелените покриви помагаат да се залепи на нив ситната прашина, за складирање на дождовната вода, а летно време помагата за разладување. На покривите главно се посадени само растенија од видот т.н. жедњак, за кои се грижат општинските работници, кои наоколу се возат со електрични возила.
На автобуските постојки се поставени ЛЕД светла и клупи направени од бамбус. Во Утрехт во моментот има 10 електрични автобуси, а планира до 2028 година во градот да возат само автобуси со нула емисија на гасови. Жителите на Утрехт сами ги трансформираат своите покриви во зелени, без никаква мотивација и помош од локалните власти. Но, ако сакаат можат да добијат субвенции.
Dutch City turns bus stops into bee stops
This Dutch city has transformed its bus 🚌 stops into bee 🐝 stops 🌼
Posted by 1 Million Women on Вторник, 09 јули 2019